Teachers - Наставници

ИНСТРУМЕНТИ И ПОСТАПКИ ЗА ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Постојат различни инструменти и постапки кои може да ги користат наставниците за проверка на стекнатите знаења од страна на учениците. Зависно од она што сака наставникот да провери и вреднува постојат различни постапки и инструменти. Користењето на различни инструменти и постапки за вреднување на постигнувањата на учениците на наставниците им помага да имаат избор во однос на пристапот согласно природата на она што треба да се следи и вреднува, а исто така може да се земат предвид и индивидуалните карактеристики и способности на ученикот.

Следуваат одредени инструменти и постапки за следење и вреднување на постигнувањата на учениците:

  • уснен или пишан тест во кој се содржани прашања на кои треба да се дадат одговори;
  • тест во пишана или електронска верзија со повеќечлен избор на понудени одговори;
  • тест на кој треба да се дадат кратки одговори;
  • активност каде треба да се поврзе тврдењето со одговорот;
  • есеј или прашања на кои треба да се понудат одговори конципирани на слободна идеја и изразување;
  • практичен тест (експеримент);
  • тест за проверка на стекнатите вештини;
  • изработка на предмет или производ;
  • сценарио за претстава со однапред определени улоги;
  • постигнувања на учениците манифестирани прегу играње улоги и симулација;
  • изнаоѓање решение на проблеми од реалниот живот преку изработка на проект, проверката се заснова на функционалноста на процесот и добиените резултати;
  • интервју;
  • усни одговори;
  • презентација и објаснување на резултатите;
  • опсервација на практичната работа и задачи за време на практичните активности;
  • изготвување портфолио во кое се содржани докази поврзани со знаењата и компетенциите на учениците.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.