Students - Ученици

УЧЕЊЕ НАСОЧЕНО КОН УЧЕНИЦИТЕ

Учењето насочено кон ученикот го отсликува начинот на размислување поврзан со учењето и наставата каде се нагласува одговорноста на ученикот во однос на активностите како што се: планирање на учењето, интеракција со наставникот и соучениците, истражување и проценка во однос на учењето Kenon R. (Cannon, R.) (2000)

Учењето насочено кон ученикот на самиот ученик му дава поголема автономност и контрола во однос на одбирањето темеа, метод и темпо на учење Gibs G. (Gibbs, G.) (1992)

Учење насочено кон ученикот има кога учениците работат во групи и индивидуално како би ги испланирале проблемите и на тој начин претставуваат личности кои активно се ангажираат во однос на стекнување знаења, а не личности кои пасивно примаат знаење. Harmon S.V. i Hirumi A. (Harmon, S.W. & Hirumi, A.) (1996)

Учење насочено кон ученикот претставува сеопфатен пристап во однос на наставата кој го заменува предавањето со активно учење, интегрирање на програми за учење по сопствено темпо и состојбата во однос на групата вклучена во активноста, при што на крај ученикот е одговорен за сопственото напредување во однос на наставниот процес. Neni B. (Nanney, B.)

Опкружувањето на учењето насочено кон ученикот во својот примарен фокус го има задоволувањето на ученикот додека пак опкружувањето насочено на предметот во својот примарен фокус го има пренесувањето на знаењето. Klasen R.S. i Bauman W.E. (Clasen, R.E. & Bowman, W.E.) (1974)

Наставникот треба да биде тренер, водач, оној кој следи, ментор, советник, тренер на знаење, оној кој овозможува, оној кој обучува, надзорник, тутор, координатор, критички аналитичар, агент на знаење, модел, олеснувач, соработник. Jedeskog G. (Jedeskog, G.) (1999)

Од кажаниве цитати во однос на учењето насочено кон ученикот може да кажеме дека тоа претставува:

  • начин на размислување во однос на учењето и наставата;
  • широк наставен пристап;
  • пристап кој во својот примарен фокус го има задоволувањето на потребите на ученикот;
  • пристап кој ученикот активно го вклучува во процесот на учење.

Во процесот на учење заснован на принципот учењето да е насочено кон ученикот, ученикот поминува од пасивен слушател и примач на информации во активен чинител и креатор на наставата. Промената нема да резултира со ситуација каде учењето на ученикот во целост ќе биде ослободено од надворешни влијанија. Наместо тоа на ученикот му се овозможува помош во однос на изборот кој треба задолжително да го направи, а е поврзан со постигнување на планираните цели од наставната програма. Преку овој начин ученикот има избор како полесно и на нему својствен начин да ги постигне очекуваните исходи од планираните цели.

Во табелата која следи посочена е разликата помеѓу традиционалната настава и учењето насочено кон ученикот.

ТРАДИЦИОНАЛНА НАСТАВА УЧЕЊЕ НАСОЧЕНО КОН УЧЕНИКОТ
Настава насочена кон наставникот Настава насочена кон ученикот
Презентирање на информации Размена на информации
Фактичко засовање на знаења Критичко размислување, носење одлуки врз основа на добиени информации
Настава заснована на традиционални предметни области Широк опфат, пристап заснован на потреби
Учениците примаат информации Учениците поставуваат прашања и решаваат проблеми
Формален изглед на училницата Флексибилно уредување на училницата согласно потребите
Нагласување на теориски стекнатото знаење преку раскажување Нагласок на стекнатото знаење со разбирање и негова практична примена
Проверка на знаењето преку класично испрашување Различен пристап во однос на стекнатите знаења каде е вклучена и практична примена
Пасивно учење Активно учење засновано на истражување
Стимулација само на едно сетило Стимулација на повеќе сетила
Користење на еден извор на учење (најчесто учебникот) Користење на различни извори на учење
Индивудуална работа Работа заснована на соработка

При учењето насочено на ученикот сменета е и улогата на наставникот, кога наставникот применува начин на работа насочен на ученикот, учениците:

  • стекнуваат поголема автономија;
  • преземаат поголема одговорност за своето учење (методи, процес, исходи);
  • стануваат активни трагачи по знаење и корисници на истото;
  • поттикнати се да поставуваат прашања, да решаваат проблеми и самите да носат одлуки;
  • меѓусебе стануваат партнери во однос на обликувањето и имплементацијата на искуства во однос на учењето;
  • учат да работат и соработуваат со останатите.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.