Teachers - Наставници

НАСТАВНИКОТ КАКО АКТИВЕН РЕСУРС ВО ПОДУЧУВАЊЕТО

Денес слободно може да се каже дека наставникот претставува главен ресурс преку кој учениците го стекнуваат своето знаење. Оваа улога наставникот во однос на учениците ја дели со своите колеги, претставниците од училишната стручна служба, родителите на учениците и со сите оние кои се вклучени во поддршката на учениците во давањето релевантни информации и знаења и развивање различни вештини и ставови. Начини преку кои може да се согледа наставникот како активен ресурс се:

  • поставување јасни цели и исходи во однос на секоја наставна содржина која треба да ја совладаат учениците;
  • често го користи активното учење за сметка на формалното предавање;
  • поттикнување на активната настава и креативното размислување кај учениците;
  • покрај задолжителниот учебник користи разновиден материјал за учење кој им го нуди на учениците, прилагоден согласно потребите и карактеристиките на ученикот како поединец и потребите и карактеристиките на целата паралелка;
  • воведува дополнителен наставен материјал за учење кој е во согласност со наставната програма;
  • им помага на учениците при изборот на соодветен наставен материјал кој одговара согласно нивниот развоен период и нивни индивидуални способности;
  • развива наставен материјал за учење кој е насочен кон активна настава;
  • развива и применува наставен материјал кој е близок и од секојдневието на учениците;
  • наставата ја креира во насока на современи нагледни средства (ИКТ) кои се блиски до учениците;
  • поддржува и поттикнува групна работа, со јасни насоки каде секој ученик ќе биде активно вклучен и следен во неговите активности;
  • во постапките на подучување вклучува активности каде учениците ќе ги унапредуваат сопствените вештини;
  • активно и посветено нуди помош и поддршка на секој ученик;
  • им помага на учениците да се координираат и усогласат во однос на постапно и ефективно совладување на наставниот материјал;
  • нуди можност за континуирана проверка на постигнатите знаења, на начин кој го поттикнува подучувањето;
  • го следи индивидуалниот напредок на секој ученик и нуди конструктивна повратна информација на учениците и нивните родители;
  • ги поттикнува учениците да се свесни и одговорни за нивното напредување и однесување.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.