Parents - Родители

Воспитанието започнува во семејството

Првите погледи на животот од страна на детето се низ призмата на наеговото семејство, тоа нему му е прозорец кон светот, преку него тоа ги прави првите чекори на социјализација, го вовпоставува првиот контакт, учи да комуницира, едноставно кажано ги прифаќа навиките кои се одлика на неговото семејство. Усогласеноста и воспоставената рамнотежа во семејството, какви и да се, делуваат на обликувањето на детето и неговиот развој на самодоверба. Одговорниот родител го одликуваат одредени карактеристики како што се: здрава и зрела личност која се чуствува способна да ја преземе одговорноста во однос на сопственото однесување; ги почитува своите родители и гради сопствено семејство; од неговото дете не очекува да ги оствари неговите неостварени амбиции; со своето дете гради здрави односи; во семејството создава позитивна атмосфера; доследен е во однос на неговите постапки; поставува одредени граници и правила; знае правилно да го посоветува своето дете кога тоа ќе наиде на одреден проблем; го учи дека секое однесување има свои последици; го подготвува своето дете во однос на предизвиците кои го очекуваат во животот; му помага на детето полесно да се осознае себеси.

Односот родител-дете поттикнува многу значајно чувство на доверба, почитување, сигурност, заедништво, поврзаност. Воспитниот стил кој ќе биде применет го одредува тонот на комуникација, авторитетот во семејството, семејната атмосфера итн. Со своето однесување детето е слика на воспитанието применето во кругот на семејството, посебно на неговите родители, тоа е одлика на семејната атмосфера во која растело и се воспитувало. Во контекст на ова е и изјавата „Децата никогаш не биле добри во однос на слушањето на возрасните, посебно родителите, но затоа биле добри во однос на нивното имитирање“ (кое многу често било несвесно). Како родители никогаш немојте да заборавите дека родителството е склоп од обиди и грешки, обидите не поттикнуваат и тераат напред, а грешките не учат да бидеме претпазливи. Никогаш немојте да се предадете, едноставно бидете истрајни, на вашите деца им е потребна вашата истрајност и сила. Исклучете ги своите телевизори, паметни телефони, таблети и целат современа технологија на комуникација, едноставно забвувајте се со децата играјќи надвор, шетајќи во природа. Кога сте со нив секој момент користете го да играте и да се забавувате, еден ден ќе пораснат и ќе заминат по својот пат.

„ЉУБОВТА КОЈА СЕ ХРАНИ СО ПОКЛОНИ УМИРА ГЛАДНА“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.