Students - Ученици

ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА НАДАРЕНИ УЧЕНИЦИ

Надареноста претставува повеќе од самиот коефициент на интелегенција, се состои од когнитивни и некогнитивни чинители. За нејзино ефективно функционирање многу е битна околината каде таа се развива. Истата може да се јави како една способност или пак како збир од неколку способности.

Како надарени деца се сметаат оние од кои зарадни нивните исклучителни способности може да се очекуваат врвни резултати. Идентификувањето на надарените деца не е едноставно. Во одност на нивната идентификација треба да се вклучат стручни лица, а се препорачува наставниците да имаат завршено одредена обука за првично идентификување на надарените деца. Секако, наставниците треба да имаат завршено и обука за работа со надарени деца, каде покрај стручниот приод исклучително значаен ќе биде педагошко-психолошкиот приод во однос на работењето со истите. Во работата со надарените ученици треба да се користат и посебни образовни програми. Праксата покажува дека од 3% до 5% од севкупниот број ученици во едно училиште може да се сметаат како надарени. За надарените ученици се врзуваат одредени поими. Поимот надареност претставува севкупна натпросечна способност за решавање одредени проблеми кои ги поседува одредена личност. Во однос на другите лица, надарената личност бргу, лесно и подобро решава одредени сложени проблеми, а тоа ја прави таа личност да биде натпросечна. Талентот претставува натпросечна специфична способност која овозможува брзо и лесно стекнување одредена вештина, како и постигнување високи успеси на одредено поле. Поимот Талент претставува вродена способност за правилно разбирање на појавите во животот за изнаоѓање решенија. Единицата за мерење на интелегенцијата е IQ. Креативноста претставува ментален процес преку кој се создаваат нови производи и идеи, или постоечките производи и идеи се преосмислуваат и комбинираат на поинаков начин. Во корелација со овој поим се поимите: флуентност (број и разноликост на различни решенија), флексибилност (леснотија во однос на промена на гледиштето, прилагодливост), оргиналност (невобичаеност, новост, единствено решение), елаборација (проширување, обработка на идејата), имагинација, самодоверба.

Предрасуди поврзани со надареноста:

  • Сите деца се надарени / секое дете е надарено за нешто.
  • Надарените деца секако ќе успеат во животот без разлика на тоа дали ги поддржуваме.
  • Надарените деца го сакаат училиштето и добиваат одлични оценки.
  • Ако ги издвоиме надарените деца во посебна група ќе станат препотентни.
  • Надарените деца потекнуваат од образовани и ситуирани семејства.
  • Надарените деца треба да бидат ангажирани, инаку ќе станат мрзливи.
  • Наставниците сакаат да имаат надарени деца во паралелката.
  • Надарените деца се добри во сè што работат.
  • Надарените деца лесно се социјализираат и соработуваат со останатите.

За успешен развој на надарените деца училиштето треба да создаде одредени услови: работа по програми со различни тежински и сложени нивоа за сите ученици; изборни програми; групна и индивидуална форма на работа; работа со ментор; забрзано завршување на училиштето (во пократок временски период); воннаставни активности; контакт со стручни лица од дадена област; пристап до извори за специфични знаења.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.