Parents - Родители

Воспитни стилови практикувани од родителите

Денес сѐ се погласни мислењата и уверувањата дека денешниве родители за разлика од претходните генерации родители се многу потолерантни. Често може да се слушнат коментари во смисла „кога јас бев дете не ми беше сѐ допуштено да правам, имав многу помалку за разлика од она што имаат денешниве деца“.

Родителскиот стил на воспитување претставува своевиден став кој родителот го гради и практикува за време на воспитниот процес на своето дете, а тоа подразбира: дали користи казни и на кој начин нив ги применува; кои однесувања на детето ќе ги поттикнува, а кои забранува; дали детето ќе биде во центарот на родителскиот интерес. За да детето порасне во една независна, одговорна и социјализирана личност, потребно е родителот да обезбеди контрола на неговото однесување, но истовремено и родителска топлина и љубов. Покрај тоа што родителот на своето дете треба да му обезбедува постојана топлина и љубов треба да му даде и до знаење дека тоа треба да почитува одредени правила на пристојно однесување. Во пракасата поврзана со воспитувањето на децата не може да се направи јасна динстинкција при практикувањето на воспитниот стил кој ќе го применува родителот, воспитувањето претставува практикување различни воспитни стилови кои меѓусебно се комбинирани зависно од одредена ситуација.

Во праксата може да се сретнат четири воспитни стилови кои ги практикуваат родителите во однос на нивните деца.

Авторитарниот стил се карактеризира со строгост без прикажување на позначаен интензитет на емоции. Детето е предмет на чести критики и заплашувања. За овој стил на воспитување карактеристични се казните и забраните. Комуникацијата помеѓу родителот и детето е еднонасочна се сведува на давање наредби од страна на родителот без да се дадат одредени објаснувања. Пример, „доколку не го направиш тоа и тоа ќе бидеш казнет“. Овој стил подразбира високи очекувања од страна на родителот, родителот очекува дека детето ќе ги исполни сите негови барања. Детето кое е подлежно на овој стил на родителско воспитување е уплашено, тешко се вклучува во игра со врсниците, ја губи довербата во самото себе и околината. Резултатот од примената на овој стил на родителско воспитување е ниска самодоверба на детето во себе и создавање една лоша слика за самото себе.

Властољубивиот стил се карактеризира со почитување на личноста на детето и искажување на позитивни чувства и уважување на самото дете, но секогаш е нагласена улогата и моќта на родителот. Овој стил на родителско воспитување се сведува на постојана контрола над детето и неговото однесување. Децата кои подлежат на овој вид родителско воспитување се развиваат сосема добро; во своето однесување се весели и општествено одговорни; имаат доверба во самите себе; подготвени се да учат и да стекнуваат нови знаења, соработуваат со другите деца и опкружувањето; насочени се кон постигнување на зацртаните цели; се трудат и најчесто ги избегнуваат пороците во однос на алхохол, тутун, дрога итн.

Рамнодушниот или индеферентниот стил на родителство се карактеризира со нагласена слобода на детето и немање насоки и укажувања кои се добри, а кои лоши постапки. Родителите се преокупирани со самите себе и не му обрнуваат доволно и соодветно внимание на детето. Во односот на релација родител-дете нема изразена топлина и љубов со што детето се чувствува несакано, несигурно и незаштитено од родителите. Често децата кои подлежат на овој стил на родителско воспитување се разочарани, детето често го менува своето однесување не покажува интерес поврзан со училиштето. Ова е посебно евидентно во периодот на адолесценција кога детето манифестира несигурност и е подлежно на нескани облици на однесување и разни пороци (дрога, алхохол, проституција итн.)

Демократскиот или авторитативниот стил на родителско воспитување се карактеризира со искажување на соодветно прифатливи чувства кон детето. Овој стил на родителско воспитување се смета како дајдобар во однос на развитокот на самото дете. Се избегнуваат казните и соодветно согласно неговото однесување се истакнуваат и фалат заслугите на детето. Во однос на секое недоразбирање има дискусија и меѓусебен договор. Во однос на барањата од страна на детето родителот му нуди да избере помеѓу неколку алтернативи (кои се за негово добро). Детето е целосно вклучено во семејниот живот со што му е овозможена соодветна љубов и топлина; потреба за игра и забава; потреба во однос на постигнувањата и успехот. Родителите кои го примнуваат овој стил на воспитување знаат дека не се совршени и во однос на некои нивни грешки кон детето знаат да се извинат со што на тој начин детето учи дека човечки е да се погреши и дека постои начин како да се поправат тие грешки. Децата кои подлежат на овој стил на воспитување се самоуверени; имаат добра слика за самите себе; ги разбираат чувствата и потребите на другите; знаат да се приспособат на тој начин што нема да се загрозат себеси.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.