Teachers - Наставници

Насоки за наставниците за реализација на квалитетна настава

Квалитетната настава зависи од три клучни фактори поврзани со воспитно-образовниот процес и тоа: стручноста на наставникот (неговите компетенции); познавање и примена на методичко-дидактички принципи во наставата и мотивираноста за реализација на настава. Реализирањето на квалитетна настава треба да биде приоритет за секое училиште. Квалитетот не е нешто конкретно и преносливо што може да се даде или пак да се наметне, квалитетот се создава прку посветена работа и заложба низ еден долг и макотрпен процес.

Квалитетната настава се карактеризира со:

  • Јасна структура – што подразбира јасно дефинирани цели и содржини за реализација; соодветен структуиран наставен процес во текот на учебната година; јасно дефинирани улоги на чинителите на воспитно-образовниот процес; адекватни услови за непречена реализација на наставата.
  • Издвојување висок временски удел за наставата во целокупниот воспитно-образовен процес – ова подразбира соодветна временска посветеност за конретниот наставен процес со јасна организациска поделба на работните активности и прецизирање на активностите и нивната динамика на реализација.
  • Меѓусебно поттикнување на наставниците и создавање клима за реализација на квалитена настава – на овој начин наставниците цело време се мобилни; се држат до барањата кои се поставени за реализација на квалитетен наставен процес; во тек се со сите новитети од сферата на образованието; подготвени се да преземат одгворност; се трудат да бидат грижливи и праведни.
  • Соодветност на содржините – каде поставените цели за реализација треба да бидат јасни, прецизни, соодветни и мерливи; очекуваните резултати да бидат во корелација со целите и да произлегуваат од нив; наставните содржини за реализација да се адекватни и разбирливи; наставните содржини да се реализираат последователно.
  • Развиена комуникација – за да се воспостави еден плоден дијалог во сите насоки со почитување на културната комуникација; давање навремени и соодветни повратни информации на учениците; реализација на дебати поврзани со наставниот процес и учењето.
  • Разновидни наставни методи – со што ќе се поттикне интересот и мотивацијата кај учениците; ќе се применат различни модели на делување; наставата ќе биде динамична и привлечна; наставата ќе биде разнолика и урамнотежена.
  • Индивидуално поттикнување – ќе се има соодветен пристап кон учениците согласно нивните можности и карактеристики за учење; соодветен и посебен пристап кон учениците со посебни образовни потреби; примена на диференциран пристап на работа; нудење соодветно време за изнесување на одговрите од страна на учениците.
  • Адекватни вежби – насочени вежби за утврдување на реализираните наставни содржини; вежби за остварување на очекуваните исходи од учењето; детектирање на неусвоениот наставен материјал и совладување на истиот.
  • Јасно дефинирани очекувани исходи – за понатамошно планирање на наставниот процес; прилагодени на можностите и развојните карактеристики на учениците.
  • Адекватен простор за реализација на наставата – во согласност со нормативот за простор и услови за работа; соодветни нагледи средства и функционална опрема; наставни помагала согласно наставнните содржини и планираните цели.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.