Management staff - Раководен кадар

Што следи директорот во работењето на наставниците?!

Директорот на училиштето во однос на воспитно-образовниот процес треба да следи неколку полиња: планирање и подготовка на наставата, организација и дисциплина во паралелките, стил на предавање на наставниците, односот на наставникот кон учениците и ниво и квалитет во однос на ученичките знаења.

Во однос на планирање и подготовка на наставата директорот следи:

  • Дали наставникот има планирања кои се изготвени согласно наставниот план и наставната програма за соодветното одделение?
  • Дали наставникот му придава соодветно значење на наставниот процес во однос на различните нивоа на знаење и способности кои ги имаат учениците за усвојување на наставните цели и содржини?
  • Во каков сооднос се содржините и планираните активности?
  • Кои активности, техники, извори на знаење и методи на работа наставникот планира и користи за да ги постигне планираните цели?
  • Како е подготвено местото на реализација на наставниот процес (училницата) во однос на планираните работни активности со учениците?

Во однос на организацијата и дисциплината во паралелките директорот следи:

  • Како се организира и реализира групната работа и другите форми на работа?
  • На кој начин се мотивираат учениците за работа?
  • Како наставникот ја реализира наставата и како учениците ги користат понудените извори на знаење?
  • Како соработуваат учениците во однос на целокупните наставни активности и усвојувањето на нови знаења?
  • Кои облици на работа доминираат во наставата?
  • Каква е работната дисциплина и какви се меѓусебните односи на релација наставник – ученик?

Во однос на стилот на предавање на наставниците директорот следи:

  • Како наставниците ги приспособуваат формите на работа согласно потребите на учениците?
  • Колку наставниците се креативни и иновативни и дали во своето работење применуваат истражувачки активности во однос на наставниот процес прилогодувајќи ги на потребите на учениците?
  • Колку наставниците успешно ги оспособуваат учениците за кооперативна работа во поголеми или помали групи?
  • Дали наставникот користи стручна литература и друга литература во однос на решавање на одредени проблеми во наставата?
  • Како наставниците ги поттикнуваат и мотивираат учениците и го проверуваат степенот на манифестирано знаење од страна на учениците?
  • Како наставниците одговараат на очекувањата манифестирани од учениците и како ги поттикнуваат учениците да учат квалитетно и континуирано?

Кога станува збор за односот на наставникот кон учениците директорот следи:

  • Како наставниците одговараат на индивидуалните потреби на учениците?
  • Како комуницираат наставниците и учениците?
  • Каква е контролата од страна на наставникот врз целата паралелка, одредена група или индивидуално кон секој ученик?
  • Како учениците реагираат на сугестиите од наставниците, нивните напатствија и барања?
  • На кој начин наставниците разговараат со учениците?

Што се однесува до нивото на квалитет во однос на ученичките знаења директорот следи и собира информации:

  • Како учениците напредуваат преку нивните усни и писмени одговри во однос на емоционалното, практичното и физичкото?
  • Напредокот го следи и преку нивниот допринос во тимското работење и нивниот индивидуален допринос.
  • За нивниот критички став, размислувања и вреднување на нештата.
  • Искажаните одговори од страна на учениците директорот бара да бидат мерливи во даден временски период.
  • Им сугерира на наставниците учениците да имаат доволно време при изнесувањето на нивните одговори.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.