Students - Ученици

НАСОКИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГИ НАУЧИТЕ УЧЕНИЦИТЕ КАКО ДА УЧАТ

Учењето претставува процес кој доведува до промени во внатрешното и надворешното учење. Преку учењето во мозокот се формираат искуства кои може различно да траат во зависност од нивната функционалност и намена. Учењето се темели на помнење на материјалот кој се изучува. Согласно тоа разликуваме краткотрајно и долготрајно учење исто како што разликуваме и краткорочно и долгорочно помнење. Поразговарајте со учениците и прашајте ги дали додека учеле им се има случено мислите да им одлетаат на други случувања; да имаат потешкотии со концетрацијата; лесно да се откажеат кога не им оди учењето; да почувствуваат одбивност кога треба да почнат да учат; трудот кој го вложуваат да не ги дава посакуваните резултати; да помислат дека во учење вложуваат околу една третина од денот или пак дека времето поминато во училиште е безвредно потрешно. Сигурно поголемиот дел од учениците ќе ви одговорат потврдно. Во текстот што следи ќе бидат изнесени одредени совети во насока да се научат учениците како ефикасно да учат.

За ефикасно учење потребно е ученикот да создаде работни навики; да направи сопствен план за учење; да научи како да учи; да знае како да го усвои наставниот материјал кој не го интересира.

Работните навики на ученикот му помагаат да има поголем успех во учењето, како и создавање квалитетно слободно време кое тој ќе го искористи за работи кои сака да ги прави, а кои не се поврзани со училиштето. За создавање работни навики важно е да се изготвува распоред со дневни активности (планирање на времето за учење, одмор, игра итн); да се учи секој ден во планираниот термин; да не се избегнуваат планираните активности и да не се откажуваат или одолговлекуваат истите.

Планот за учење подразбира обезбедување место каде ќе се учи; потенцирање време кога ќе се учи; конкретезирање што ќе се учи и по кој редослед ќе се учи.

Во однос на местото каде ќе се учи првенствено треба да се обезбеди адекватно место каде ќе се учи. Тоа место треба секогаш да се користи за таа намена. За таа цел тоа место ученикот треба да го уреди на тој начин што во него ќе се чувствува пријатно. Пред да почне со учењето ученикот треба да ги обезбеди сите неопходни нешта кои можат да му притребаат (книги, листови хартија, пенкала, моливи, белешки итн.). Местото за учење треба да биде чисто и средено (доколку е хаотично и несредено, може негативно да делува врз расположението за учење). При учењето ученикот треба да ги тргне предметите кои може да му го одвлекуваат вниманието (да ја изгасне музиката, да го исклучи мобилниот, да тргне одредени фотографии кои би му го одзеле вниманието итн.)

studying-951818_960_720

Во однос на времето кога ќе се учи најдобро е ученикот да биде одморен и подготвен за учење. Од тие причини ученикот треба да создаде свој ритам на учење кон кој редовно ќе се придржува. Одредени истражувања покажале дека најдобро време за учење е претпладне од 8 до 11 часот и попладне од 16 до 19 часот. Експерти кои се занимаваат со образовниот процес изнеле податок дека концентрацијата кај ученикот може да се задржи колку и еден наставен час, а тоа е 40-45 минути. Најдобро е учениците да учат околу половина час, а потоа да направат одредена пауза. Ученикот треба да знае дека е важно да биде сконцентриран на она што се реализира на часот и активно да учествува во однос на работните задачи.

Во однос на она што ќе се учи важно е да се знае дека новите наставни содржини ученикот треба да ги учи уште истиот ден. Да се повторат содржините во однос на наставните предмети кои според распоредот се за утрешниот ден. Новиот наставен материјал треба да се учи веднаш штом се предаде, уште истиот ден, бидејќи заборавањето како процес најбргу се случува на почеток. Она што ученикот го учел на час треба да го повтори дома уште истиот ден, во спротивно голем дел од тој наставен материјал уште истиот ден ќе биде заборавен, а после неколку дена на ученикот ќе му биде потребно многу повеќе време и труд за учење.

Ученикот треба да го избегнува „кампањеското“ учење, а тоа значи дека наставниот материјал треба да почне да се учи неколку дена пред повторувањето. Пракасата покажала дека учењето ден пред повторувањето, а уште полошо во текот на ноќта пред денот на повторување има спротивен ефект. Ефектите од таквото учење се замор, ненаспаност, дефокусираност.

Во однос на редоследот на учење корисно е првенствено да се учи наставниот материјал кој е потежок затоа што ученикот сè уште е одморен. Исто така не е препорачливо да се учат еднопотруго сродни предмети затоа што може да се измеша научениот наставен материјал.

read-316507_960_720

Во однос на тоа како да се учи, ефикасното учење подразбира почетен преглед на наставниот материјал; читање на наставните содржини, прераскажување на наставните содржини. Обработениот наставен материјал кој треба да се научи ученикот првенствено треба да го прегледа и да се потруди да ги воочи клучните зборови. Потоа темелно да прочита сè што е важно и да запише белешки во однос на прочитаното, а исто така многу е важно да се поврзува новиот наставен материјал со наставниот материјал кој претходно е изучен. Подвлекувањето при учењето не е задолжително, но ако така учи ученикот тој треба да знае дека преку подвлекување ги истакнува битните работи за полесно да го совлада она што го учи; со подвлекување треба да се почне кога ученикот ќе ја разбере смислата на наставната содржина; пракасата покажала дека не е корисно доколку се подвлече повеќе од 15% од текстот на наставната содржина; кога ученикот ќе заврши со подвлекување треба да направи едно резиме а тоа треба да претставува тези, најважни идеи и факти, резимето всушност претставува накратко прераскажана лекција; добро е ученикот да учи во друштво со неговиот најдобар пријател, учењето во друштво е полесно и поефикасно, но треба да се внимава учењето да не премине во разговор кој не е поврзан со учењето, слушање музика, играње видео игри итн. Добро е во однос на наставниот материјал да се дебатира со соучениците затоа што на тој начин наставниот материјал се помни околу 50%, додека при читање се помни само околу 10%. Наставниот материјал најмногу се помни кога се подучува некој друг и тоа околу 90%, но за да ученикот подучува некој друг ученик треба да има одредено знаење во однос на она што подучува.

Во однос на учењето се случува одредени наставни содржини да не се интересни за учење. Тука се поставува прашањето дали ученикот може себеси да си го олесни учењето кога наставната содржина не му е толку интересна за учење? Одговорот е да. Во овој случај ученикот треба да знае дека интересот е основен двигател на учењето. Колку е поголем неговиот интерес за одредена област, учењето ќе се реализира побргу и поуспешно, а знаењето ќе биде подолготрајно. Меѓутоа, интересите може да се менуваат и прошируваат, често се случува нештото повеќе да ни се допадне откога потемелно и поопширно ќе го проучиме и ќе се запознаеме со него. Интересот во однос на некој предмет може да го поттикне и самот наставник доколку поттикне интерес кај ученикот преку интересни предавање, примена на разновиден наставен материјал, интерактивна настава и примена на разновидни методи и форми на работа. Одредени интереси кај ученикот се будат и поттикнуваат согласно нивната возраст и развивање, а одредени области за некој ученик никогаш нема да бидат интересни и привлечни, но треба да му се укаже дека истите во понатамошниот живот ќе му бидат од голема корист. На ученикот треба да му се укаже дека одреден наставен материјал кој не му е интересен и кон кој не покажува желба за учење може истиот материјал во иднина да го заинтересира и да му биде од голема корист, посебно во некоја дадена професија.

На ученикот треба да му биде укажано дека добрата организација (во однос на учењето) е половина завршена работа. Затоа поттикнете го да направи неделен распоред за учење.

 

ПАСИВНО УЧЕЊЕ

Предавање 5%     усвоено знаење
Читање 10%   усвоено знаење
Аудио-визуелни средства 20%   усвоено знаење
Демонстрација 30%   усвоено знаење
 

АКТИВНО УЧЕЊЕ

Група за дискусија 50%   усвоено знаење
Практична работа 70%   усвоено знаење
Подучување на другите 90%   усвоено знаење

            Начин на учење – стилови на учење – процент на усвоено знаење

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.