Teachers - Наставници

ОСНОВНИ СТИЛОВИ НА УЧЕЊЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕ СЕКОЈ НАСТАВНИК

Стилот на учење всушност претставува доминантен влезен канал при приемот на информации. Тој претставува начин на кој ученикот ги процесуира информациите при учењето. Стилот на учење од страна на ученикот претставува префериран начин на размислување, обработка и разбирање на информациите. Секој ученик има сопствен стил на учење во кој е најуспешен и најмногу му одговара. Најголемиот број ученици не се свесни кој стил на учење најмногу им одговара иако имаат одредени сознанија кои се темелат врз претходни искуства сврзани со некои активност и ситуации кога учениците поуспешно и поефективно научиле за разлика од други активност и ситуации.

Основните стилови на учење кои треба да му се познати на секој наставник се: визуелниот стил на учење, аудитивниот стил на учење и кинестетичкиот стил на учење.

Учениците кои се наклонети кон визуелниот стил на учење учат преку гледање, односно мора да го видат нештото за да го запомнат. Овие ученици сакаат илустрации, пишување, читање на напишаното, изготвување писмени белешки, овие ученици се добри читачи и повеќе сакаат да читаат отколку некој да им чита. Како ученици се уредни и организирани, брзо зборуваат, одлично ги забележуваат деталите и долгорочно планираат. Овие ученици добро помнат ликови, всушност ориентирани се кон визуелност, изгледот на нештата. Учениците кои учат визуелно имаат добро чувство за бои и затоа имаат склоност кон уметноста. Во работењето не им смета бучавата, може да заборават на вербалните инстрункции или да заборават да испратат вербална порака. Во однос на усното излагање знаат што сакаат да кажат, но тешко изнајдуваат зборови. На учениците кои учат визуелно им се советува да запишуваат за да можат подобро да помнат; да ја гледаат личноста која зборува за да може да бидат сконцентрирани; да користат бои за нагласување на важноста на текстот. Овие ученици треба да учат самостојно; најдобро е да седат подалеку од врата или прозори затоа што лесно може да им биде привлечено вниманието; при учење трба да користат филмови (снимен материјал), слајдови, илустрации, фотографии, дијаграми, табели итн.; при процесот на учење треба да побараат писмени напатствија или да ги запишат напатствијата.

Учениците кои се наклонети кон аудитивниот стил на учење најдобро учат и помнат преку слушање. Кога нешто запишуваат имаат потешкотии, најдобро учат слушајќи и најдобро помнат она за што се разговара, отколку она што може да го видат. Кога изведуваат некоја активност знаат да зборуваат самите со себе. Додека учат галамата им смета и ги деконцентрира. Учениците кои го практикуваат аудитивниот стил на учење сакаат да читаат на глас; сакаат да слушаат додека некој им објаснува, но и тие сакаат да објаснуваат. Овие ученици се зборлести и сакаат да објаснуваат. При опишувањето сакаат да ги истакнат сите детали и имаат проблеми со активностите кои содржат визуелизација. Повеќе ја сакаат музиката отколку ликовната уметност. На учениците кои учат аудитивно  им се советува да се обидат да учат со пријателите преку расправа за она што е предмет на учење или пак да учат наглас, секогаш кога се во можност треба да читаат на глас; прашањата поврзани со наставната содржина треба да ги прочитаат наглас, а потоа да почнат со решавање. Кога учат гледајќи преку одредени визуелни нагледни средства треба наглас да зборуваат за она што го гледаат.

Учениците кои се наклонети кон примена на кинестетичкиот стил на учење најдобро учат преку движење, допир и активност. На овие ученици им претставува потешкотија да стојат или седат подолго време на едно место. Овие ученици сакаат да им се зададе активност да направат нешто, а не само да седат на место да читаат и слушаат. Тие сакаат предметите за кои учат да ги допираат, да видат како функционираат, односно работат, самите да изработуваат одредени нешта и да испробуваат нови активности. Учениците кои го применуваат кинестетичкиот стил на учење сакаат да манипулираат со материјалот за работа и често при разговорот или опишувањето користат глаголи. Во разговорот со другите сакаат да ги допрат со цел да го привлечат нивното внимание. Овие ученици ориентирани се на физички активности и често се во движење, а најдобро помнат изведувајќи одредени движења. При читање на текст најчето текстот го следат со прст. Додека зборуваат често користат гестикулации и мимики, нивното зборување е пропратено со движење на рацете за да се дообјаснат во однос на соговорникот. На учениците кои учат кинестетички им се советува да учат гласно изведувајќи одредени движења, движејќи се низ просторијата каде учат; доколку им пречат на другите ако се движат или тропкаат со раце и нозе треба да се обидат да земат в раце некој предмет кој може да го стискаат или вртат (спинер); доколку учењето пропратено со седење на стол не ги дава саканите разултати ученикот може да заземе состојба која нему ќе му биде најпријатна (лежење на грб или стомак итн.). На овие ученици им се препорачува да учат со тивка музика во позадина; при учење овие ученици треба да прават почести кратки паузи; на овие ученици им се препорачува својата енергија да ја испразнат преку танцување, спорт или глума.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.