Students - Ученици

Дали ученикот е подготвен да тргне во училиште – (прваче)?!

Тргнувањето во училиште е значаен чин, а истовремено и значајна промена како за самото дете така и за неговите родители. Од тие прични кај детето уште од самиот почеток треба да му се влее љубов и позитивен став кон училиштето, имајќи предвид дека почетните денови од школувањето кај детето оставаат силен печат кој детето ќе го носи во текот на неговото целокупно понатамошно школување.

Со самото тргнување во училиште детето треба да се прилагоди на нови правила и однесувања, неговите способности во однос на учењето и извршувањето на работните задачи постојано ќе бидат следени и вреднувани. Подготвеноста за тргнување во училиште претставува комбинација од различни способности, знаења, вештини, мотивација и навики, а резултатот е учење, развој и биолошко созревање.

Емоционалната и социјалната подготвеност подразбира можност за контрола на сопствените емоции како и можност за задоволување на сопствените потреби; одвојување од родителите со цел успешно самостојно функционирање; почитување на правилата, успешна комуникација и соработка со врсниците; разрешување на конфликтни ситуации преку дијалог.

Говорната подготвеност се однесува на чисто изговарање на гласовите; разделување на зборовите на гласови и нивно спојување во збор; разбирање на вербални напатствија; флуентност во говорењето, богат фонд на зборови.

Когнитивната подготвеност е поврзана со предзнаењата за себеси и семејството; разбирање на просторот, времето и количината; помнење, носење логички заклучоци, именување бои; задржување на вниманието на околу 15 до 20 минути.

Физичката подготвеност се однесува на психомоторната развиеност на детето што подразбира: правилно одење и трчање, правилно држење и движење на телото, самостојно облекување. Тука може да се вброи соодветна висина и тежина во однос на возраста, добар вид и слух.

Родителите во подготвувањето на детето за во училиште можат многу да допринесат:

  • да ја поттикнат самодовербата и самопочитта на детето;
  • да создадат кај детето добро мислење и позитивен став во однос на училиштето, а не да го плашат со него;
  • да го поттикнат детето да се радува на успехот и да го прифати неуспехот;
  • да го поттикнат детето задачите да ги решава до крај (да биде истрајно и упорно);
  • да го поттикнуваат да се грижи самото за себе (да биде самостојно);
  • да биде друштвено и лесно да се адаптира во група ученици;
  • да го поттикнуваат интересот за читање;
  • да го поттикнуваат да учи самостојно да се снаоѓа во сообраќајот;
  • да го научат како да стигне од училиште до дома;
  • да го научат да ги знае паричните вредности и времето (да знае да каже колку е часот);
  • да му обезбедат во домот катче кое ќе биде само негово и каде тоа ќе учи и ќе се подготвува за во училиште.

Доколку самото дете не покаже интерес за читање пишување и сметање пред да тргне во училиште, детето не треба да се тера да учи со сила. Доволно е тоа да ги усвои графомоторичките вештини кои се предуслов за усвојување на пишувањето. Исто така добро е да се поттикнува интересот кај него за буквите (преку игра), а истото се однесува и за бројките.

Сите сакаат нивното дете да биде одличен ученик кој со леснотија ќе ги извршува сите училишни задачи. Дали вашето дете е подготвено да тргне во училиште?!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.