Teachers - Наставници

БОНТОН ЗА НАСТАВНИЦИ

Добриот наставник покрај тоа што знае на успешен начин да им пренесе знаење на учениците, тој преку своето однесување треба да им биде и пример како тие правилно да се однесуваат. Во своето работење како наставник воспоставете правила за добро однесување, но истите покрај тоа што ќе важат за учениците треба да ги почитувате и вие како наставник.

Кажете добар ден – доколку како наставник од учениците очекувате да ве поздравуваат, покажете им го тоа со личен пример. Со самото влегување во училница секогаш и задолжително поздравете ги учениците. Кога ученик ќе ве поздрави во училишниот ходник, двор или пак надвор од училиште, возвратете го поздравот, покажете му на ученикот дека сте го забележале и дека го цените неговиот пристоен гест.

Не доцнете – наставниот час трае 40 минути во основно, односно 45 минути во средно образование, имајте на ум дека тоа не се однесува само за учениците туку се однесува и за вас како наставник. Искористете го секој момент во училиште на ефективен и ефикасен начин за доброто на учениците. Со доцнењето на час како наставник ви се намалува времето ефикасно да ја реализирате наставната содржина, кон учениците покажувате непочитување, а што е уште пострашно им давате лош личен пример.

Бидете уредни – на тој начин ќе се чувствувате пријатно, а учениците ќе ве почитуваат. Одело, односно костум е пожелно да носат наставниците бидејќи на тој начин оставаат кај учениците силен впечаток, но секако не се и задолжителни. Во никој случај не е пристојно да се носат кратки здолништа, отворени деколтеа, ниту тексасни искинати пантолони.

Не правете разлика помеѓу учениците – сите деца се исти и заслужуваат подеднаква прилика, без разлика што некое дете можеби е посимпатично од друго или едно дете е подобро ситуирано од друго. Секое дете треба да добие подеднаква прилика и можност да се истакне и да се докаже во училиште.

Почитувајте ги учениците – секое дете е засебна личност со свој интегритет. Иако тие се мали по возраст секое од нив си има сопствено почитување и високо мислење за себе (кое помалу кое повеќе). Од ваша страна нека биде пофалена секоја нивна иницијатива и вложен труд. Поттикнувајте ги  освен учебникот да користат и друга литература. Поттикнете дискусија во однос на она што прочитале, слушнале и виделе. Не ги омаловажувајте велејќи им дека прашањето или одговорот име се „безвезни и глупави“. Наместо тоа наведете ги самите да донесат заклучок дека прашањето или одговорот кој го изнеле не е соодветен или не е доволно добар. Искажувањето поддршка и совет за во иднина да бидат подобри секогаш ќе вродат со плод отколку изнесените омаловажувања и критики. Сепак за учениците бидете авторитет кој ќе им даде до знаење дека нема да го толерирате нивното несоодветно однесување и навреди. На тој начин од учениците ќе бидете попочитувани.

Почитувајте ги колегите –никогаш немојте да си дозволите да ги оговарате вашите колеги или да кажувате лоши работи за нив посебно немојте пред учениците. Како наставници сите вие сте во училиштата да го реализирате воспитно-образовниот процес. Преку оговарање го рушите кредибилитетот на вашите колеги, но запомнете дека за кратко време тоа ќе ви се врати и вам како бумеранг. Бидете сериозни и праведни во комуникацијата со колегите и секогаш сослушајте што имаат да ви кажат. Во вашата комуникација со колегите немојте да дозволите да трпи воспитно-образовниот процес.

Добра комуникација со родителите – градењето добар и правичен однос со родителите истовремено значи градење добар и правичен однос и со учениците. Со родителите немојте да комуницирате само кога ќе се појават проблеми, со нив имајте навремен и континуиран контакт, а сѐ во интерес на нивните деца, односно учениците. Во комуникацијата со нив културно и посветено сослушајте ги сите нивни предлози и забелешки, но истовремно јасно дајте им до знаење дека вие сте раководителот на паралелката.

Без користење мобилен телефон на час – преку личен пример кажете им на учениците дека користењето на мобилниот телефон е забрането за време на час, освен кога истиот може да послужи како нагледно средство при реализација на некоја наставна содржина. На учениците во однос на користењето на мобилниот телефон дајте им до знаење дека она што важи за вас ќе важи и за нив.

Наставник сте и надвор од училиште – вашиот ангажман како наставник не завршува со училишното ѕвонче, вие сте наставник и надвор од училиште: во продавница, на улица, во кафетерија, на спортски натпревар итн. Што значи вашето пристојно однесување треба да се манифестира и надвор од училиштето на секое место и во секоја прилика.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.