Students - Ученици

Бонтон за ученици

Ученикот треба да знае, односно треба да биде свесен дека училиштето е местото каде тој поминува голем дел од денот. Тој во него стекнува знаење кое ќе му користи во животот, но истовремено стекнува пријатели и шири познанства. Од тие причини ученикот во училиште треба да се чувствува природно и пријатно, а не само тој туку пријатно треба да се чувствуваат и неговите наставници, помошен персонал и сите посетители на училиштето. Затоа ученикот треба да се придржува кон одредени правила на пристојно однесување.

Кажи добар ден – кога ќе дојдеш во училиште поздрави ги другарите, на тој начин им кажуваш дека кон нив имаш почит. Доколку некој те поздрави возврати на поздравот.

Не доцни – во училиште доаѓај навреме. Во училиште најдоцна дојди 10 минути пред да почне истиот. Секое доцнење не е добро за ученикот, на тој начин се создава лоша слика за себе и истовремено се попречува текот на часот.

Биди уреден – секој ученик треба да биде чист и уреден. На тој начин како ученик ќе се чувствуваш пријатно. Училиштето не е модна писта, но истовремено не е ниту место за излет каде ќе доаѓаш по тренерки.

Поздравувај ги наставниците – во училиштето каде учиш има и наставници кои не ти предаваат, тоа не значи дека не треба да ги почитуваш и поздравуваш.

Почитувајте ги постарите – почитувај ги повозрасните околу тебе, посебно помошниот персонал кој се грижи кога ќе дојдеш во училиште да седнеш во чиста клупа. Наместо да ги провоцираш и понижуваш биди културен и секогаш поздравувај ги. И надвор од училиште треба да ги почитувате и поздравувате наставниците, на тој начин кажувате дека сте добро воспитани, а тоа наставниците го забележуваат и почитуваат.

Дружба – другарите бирај ги според тоа како се однесуваат кон тебе и кон другите. Многу е битно како тие се однесуваат и како се воспитани, отколку дали носат брендирана облека и скапи телефони.

Помогнете им на другарите – ако некој другар побара помош од тебе помогни му доколку си во можност, но никако немој да му одмогнеш.

Не го попречувај текот на часот – Наставникот дочекај го на своето место. Кога ќе влезе поздрави го. На часот биди внимателен и не ги попречувај другите. На час не ти е потребен мобилен телефон освен ако наставникот не побара истиот да ви користи како наставно помагало за време на часот. На час не се јаде и не се пие, за таа намена служи големиот одмор. Кога сакаш нешто да кажеш дигни рака и почекај наставникот да ти допушти да се обратиш. Потруди се она што сакаш да го кажеш да биде во контекст на она што се работи на часот. Доколку сметаш дека оценката која ја имаш добиено не е соодветна и заслужуваш поголема, на наставникот тоа кажи му го на пристоен начин. Кога ќе ѕвони ѕвончето за крај на часот, остани во клупа додека наставникот не каже дека часот е завршен.

Грижи се за училиштето – Училиштето е твое, но и на другите кои учат во него. Затоа, грижи се заедно со твоите пријатели за твоето училиште. Грижи се за училиштниот мебел, не ги крши клупите и столчињата и не чкртај по ѕидовите. Училницата не е ниту кошаркарски, ниту фудбалски терен, од тие причини немој да играш со топка во училница. Грижи се за твоето училиште бидејќи голем дел од денот и еден дел од животот ќе поминеш во него.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.