Parents - Родители

Бонтон за родители

Како родители секогаш имајте на ум дека училиштето на вашето дете му е како втор дом. Тоа голем дел од денот поминува во него. Исто како што барате од него да ги почитува домашните правила на однесување, така од него побарајте да ги почитува и правилата на добро однесување во училиште. За да сето ова не заврши само на празни зборови најдобро би било преку ваш личен пример да му укажетет на детето како тоа да се однесува. Тоа ќе го сторите преку ваше примерно однесување кон неговите другари од училиште, неговите наставници и останатите вработени во училиштето.

Кажете добар ден – кога вашето дете ќе види дека вие пристојно ги поздравувате сите во училиштето, почнувајќи од дежурниот ученик на влезната училишна врата, наставниците, помошниот персонал, и тоа ќе го следи вашиот пример. Како вашето дете ќе се однесува во голема мерка ќе зависи како вие се однесувате кон другите.

eduka

Сите деца се исти – за секој родител неговото дете е најважно, највредно, најдобро. Од тие причини секој родител ќе се ангажира неговото дете да стекне самодоверба, самопочит и да изгради добро мислење за себе. Како родител немојте да претерате во тие заложби, немојте кај вашето дете да создадете мислење дека тоа е над неговите соученици и над неговите наставници. Немојте вие како родител, а и вашето дете преку вашето однесување и мислење, да ги делите учениците и родителите според нивното образование, социјален статус, богатство и дали тие користат скапи мобилни телефони или носат брендирана облека. Во животот има многу поважни работи.

Бидете уредни – доколку сте уредни ќе му дадете пример и на вашето дете да биде уредно. Не е пристојно кога одите во училиште да носите кратко здолниште, искинати фармерки или широко деколте, истото важи и за вашето дете. Училиштето е воспитно-образовна институција каде нема изговор и место за неуредност и надворешен непристоен изглед.

Градете добар однос со наставниците – вам и на вашето дете ќе ви биде полесно доколку со наставниците вие и тоа изградите добар и квалитетен однос. Без разлика на тоа дали вашето дете како ученик има добри или послаби оценки вие треба да имате коректен однос кон наставниците. Односот ќе се заснова на взаемна почит и разбирање.

Ajnshtanj

Не го обезвреднувајте авторитетот на наставникот – од голема важност е како родители да не го обезвреднувате авторитетот на наставникот, а посебно не пред вашето дете. Дури и тогаш кога не се согласувате со одреден однос на одреден наставник или начин на негова комуникација и реализација на воспитно-образовниот процес. Сите забелешки, лично, на еден пристоен начин пренесете му ги на наставникот, а не преку вашето дете, затоа што доколку тоа му ги пренесе на наставникот вашите пораки може да биде погрешно разбрано и доведено во непријатна ситуација. Пред вашето дете немојте да зборувате лошо за наставник или наставници затоа што и тоа може да почне да зборува лоши нешта за нив или лошо да се однесува кон нив, а тоа во секој случај нема да му донесе ништо добро.

Не ја попречувајте работата на училиштето – коректно и правилно е да се интересирате за вашето дете, но трудете се тие состаноци со наставниците да бидат во термините кои тие ги имаат одредено за индивидуални средби со родителите или пак за време на групните родителски состаноци. Не е коректно да појдете во училиште кога вие ќе посакате затоа што на тој начин го попречувате нормалниот тек на наставата каде наставникот треба да го прекине часот за да се сретне со вас. Исклучоци се оние ситуации кога наставникот заради одреден итен случај ве повикува во училиште.

giphy

Редовно доаѓајте на родителски состаноци – покрај индивидуалните родителски средби, наставниците организираат и редовни групни состаноци со родителите. На овие родителски состаноци доаѓајте редовно затоа што ќе добиете битни информации за вашето дете, а секако и за целата паралелка во која тоа учи. На овие родителски состаноци бидете точни исто како што сте точни кога одите на работа. За време на дискусиите бидете одмерени и земете збор кога навистина имате што да кажете и секако немојте да им упаѓате во збор додека другите зборуваат.

Имате право да ги знаете оценките на вашето дете – имате целосно право да имате постојан увид во оценките на вашето дете. На наставниците им се препорачува да водат персонално досие за секој ученик каде ќе ги чуваат тестовите, вежбите, изработките, писмените работи на учениците. На тој начин вие како родител во секое време ќе имате увид во напредокот и оценувањето на вашето дете и ќе знаете точно каде греши, а што знае и што постигнало.

Училиштето не работи само во мај и јуни – ова е помалку саркастична реченица но реалноста е таква. Добар број од родителите се сеќаваат пред крајот на училишната година да дојдат в училиште кога нештото почнува да „шкрипи“. Тогаш родителите обично доаѓаат да интервенираат кај наставниците за да им ги поправат оценките на нивните деца. Родителите треба да знаат дека наставата почнува во септември и уште тогаш треба активно да се вклучат во училиштниот живот на нивното дете со издржани и конструктивни предлози. Со навременото вклучување во наставниот живот на нивното дете тие континуирано ќе бидат во тек со сите училишни случувања.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.