Educational instruments and tools - Образовни инструменти и алатки

Инструменти во наставата – „Прашалник“

Прашалникот претставува листа со прашања каде постои простор за да се дадат одговори. Овој инструмент се користи за да се добијата одредени информации од испитаници во однос на некој проблем (состојба, случка, однос, став итн.) Прашалникот се дава на поголем број испитаници каде секој испитаник засебно го пополнува прашалникот. Дадените одговори на крај се сумираат во своевиден извештај. Прашалникот се пополнува на повеќе начини и тоа: преку разговор лице в лице, телефонски, писмено, преку интернет. При планирањето поврзано со изготвување на прашалник треба да се води сметка за следното:

  • што сакате да добиете преку спроведувањето на прашалникот (кои цели);
  • кој ќе подлежи на испитување преку прашалникот;
  • колку испитаници треба да одговорат на прашалникот;
  • начин на пополнување на прашалникот;
  • кои прашања ќе ги поставите;
  • пилот тестирање на прашалникот за да се знае дали истиот е функционален;
  • кога ќе почнете да го користите прашалникот и кога ќе завршите со него;
  • што по добивањето на податоците од прашалникот, како ќе ги сумирате одговорите и како ќе напишете извештај.

Прашањата во прашалникот може да бидат од: затворен тип (прашања со можност за избор на одговорот), отворен тип (одговорот слободно го искажува испитаникот), комбиниран тип.

Примери на прашања од различен тип.

Прашања со избор на одговор (од затворен тип):

Дали од секој писател кој го обработувате читаш барем едно дело?

  • Да секогаш читам
  • Понекогаш ќе прочитам
  • Никогаш не читам

Прашања со давање самостоен одговор- бројчано (од отворен тип):

Колку изнесува вашиот неделен  џепарлак?

Прашања со давање самостоен одговор – наративно

Како може училиштето да го подобри културно-забавниот живот за учениците?

Прашања со оценување:

Како би ги оцениле услугите на училишната кујна?

  • Одлично
  • Добро
  • Солидно
  • Лошо

Прашање со оценување (скала од-до)

На скала од 1 до 5 (каде 5 е највисоко, а 1 најниско) кажи го својот интерес за секој наставен предмет.

     – мајчин јазик 1 2 3 4 5

     – математика 1 2 3 4 5

     – странски јазик 1 2 3 4 5

Комбинирани прашања

При читање доколку наидете на непознат збор, во тој случај барате:

  • Помош од предметниот наставник
  • Од рофителот
  • Од пријателите

Пример на „Прашалник“ како инструмент

Име и презиме на ученикот:

Датум на пополнување:

 

  1. Наведете што очекувате да научите или дознаете преку пополнување на овој прашалник?
  2. Кои испитаници ќе замолите да го пополнат овој прашалник (според старосната група)?
  3. Зошто ја избравте токму оваа старосна група на испитаници?
  4. Колку испитаника ќе замолите да го пополнат прашалникот?
  5. Зошто токму тој број на испитаници?
  6. Кој метод на работа ќе користите при пополнувањето на прашалникот?
  7. Зошто го избравте токму тој метод на работа?
  8. Колку прашања ќе содржи прашалникот?
  9. Наведете ги прашањата кои конкретно ќе ги поставите.
  10. Кои прашања се од отворен, од затворе и кои од комбиниран вид?
  11. Како планирате да го тестирате прашалникот?
  12. Кога ќе го ставите прашалникот во функција?
  13. До кога прашалникот треба да заврши со пополнување?
  14. Како ќе ги сумирате добиените одговори?
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.