Teachers - Наставници

Критериуми и стандарди според кои се врши оценување на постигнувањата на учениците во македонскиот образовен систем

Критериумите за оценување на постигањата на учениците се темалат на стандардите за оценување и Блумовата таксономија. Наставникот при определувањето на бројчана оценка треба да ги има предвид постигањата на ученикот во однос на запомнување и репродуцирање на наставните содржини; разбирање/сфаќање на обработените содржини, односно способност на ученикот нив да ги интерпретира со свои зборови; примена на научените содржини во конкретни задачи со познати и нови елементи и во други нови ситуации; како и повисоките интелектуални способности на анализа, синтеза и вреднување што подразбираат способност на ученикот за средување, комбинирање елементи во нови целини и способност за вреднување на оправданоста или научноста на некое тврдење или дело. Откако наставникот ќе ги согледа постигањата на ученикот на секое од наведените нивоа според стандардите за наставниот предмет (за секоја тема/подрачје) ја утврдува оценката на ученикот.

  • оценка доволен два (2) – знаењата на ученикот се однесуваат на запомнување и репордуцирање, ученикот покажува одредени способности знаењето да го искаже со свои зборови и да го применува знаењето на наједноставни задачи.
  • оценка добар три (3) – знаењата на ученикот, покрај тоа што се однесуваат на запомнување и репородуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини, ученикот покажува способност за примена на знаењата за решавање на едноставни задачи.
  • оценка многу добар четири (4) – знаењата на ученикот се однесуваат на поцелосно запомнување и репородуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини. Исто така, ученикот покажува способност за примена на знаењата за решавање на задачи од познати и нови елементи, како и способност за средување и комбинирање елементи во нови целини.
  • оценка одличен пет (5) – знаењата на ученикот се над 90% од содржините од наставната програма на ниво на запомнување, репродуцирање, сфаќање и разбирање. Ученикот може да ги применува знаењата за решавање на задачи со познати и нови елементи. Исто така, ученикот може да средува, комбинира елементи во нови цел.

Стандардите претставуваат прифатени описи на нивоата на квалитет и квантитет на знаењата што се очекува учениците да ги постигнат на крајот на определен временски период (наставен циклус). Во основа, постигањата на учениците треба да се определени со секоја наставна програма по одделенија. Во наставните програми е определено она што учениците знаат и можат како резултат на усвојувањето на содржините што се предвидени во наставните програми. Во однос на ваквите определби во наставните програми, стандардите претставуваат конкретизирање и диференцирање на постигањата по нивоа. Токму ваквото конкретизирање и диференцирање на постигањата на учениците овозможува објективно и валидно гледање на нивните постигања и го олеснува нивното мерење, вреднување и оценување. Стандардите во наставните програми произлегуваат од претпоставените цели и конкретните цели на наставните програми дефинирани во компоненти на изучување на одредениот наставен предмет. Тие претставуваат основа на која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната примена претставува почитување, придржување и примена на принципите на поучување, примена на актуелните методолошки и методски решенија и упатства кои се научно издржани и проверени во изучувањето на соодветниот наставен предмет.

Извор: http://bro.gov.mk/

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.