Teachers - Наставници

Одговорно и прифатливо однесување на наставникот

Од моментот кога започнува работниот ден, наставниците својата вистинска природа ја ставаат во втор план. Ја напуштаат својата приватност, семејното катче, и тргнуваат во она што се вика соодветно работно однесување во склад со природата на работното место.

      Постојат мноштво правила на добро работно однесување, кое на наставниците ќе им покажат:

  • како може да се воспостават добри односи на работа;
  • како во работното опкружување да се изгради соодветна почитувана позиција, а притоа останатите да не се почуствуваат како губитници;
  • како убаво да изгледате;
  • како да избегнете судир во кризни ситуации;
  • како да здобиете доверба од колегите, директорот, учениците, родителите и останатите интересенти поврзани со воспитно-образовниот процес;
  • како да се однесувате на работното место, на интерни и екстерни состаноци, разни организирани собири и манифестации;
  • како учтиво да комуницирате;
  • како да се претставите во вистинско светло истакнувајќи ги сопствените квалитети.

Не е тешко да се совладаат споменатите правилата на добро организациско работење. Првично треба да се направи мал напор и истите да се запознаат. Доколку истите не ви се познати и на нив не посветувате соодветно внимание ќе ви биде многу потешко да бидете успешни во вашето работење, посебно во работењето и одржувањето на професионални односи со колеги со кои секојдневно работитe. Вложеното време во стекнување добри организациски однесувања претставува исклучително паметна инвестиција. Стекнатите вештини поврзани со организациската култура создаваат самодоверба и даваат предност над оној кој се однесува организациски неодговорно.

Од самиот почеток на своето работење секое училиште треба да негува посебен однос, а тоа значи посветеност кон учениците и нивните родители, тимска работа, интегритет, професионализам, добар однос на раководителот кон своите вработени.

            Новите општествени процеси во современото организациското работење бараат создавање нова, поинаква култура, култура на прифатливо добро однесување.

            Доброто однесување на вработените во училиштето треба да се цени исто како и нивното знаење и стручност. Со примена на стандардите на правилно однесување во училиштето се покажува колку е важен овој сегмент во доброто работење на една воспитно-образовна институција.

            Со примена на одредени стандарди во воспитно-образовната институција кои се однесуваат на правилното работење се дава до знаење колку на таквото училиште му е важно за неговото добро работење. На тој начин организациската култура не се препушта на поединец од организацијата самостојно да управува со неа.

            Обично според однесувањето на еден поединец од училиштето другите субјекти од страна го градат генералното мислење за целата таа воспитно-образовна организација. Од тие причини однесувањето на работното место не е индивидуална работа на наставникот, напротив, таа е во интерес на целата воспитно-образовна организација.

        Стандардизацијата на правилното однесување значи интензивна посветеност на добро организациско однесување, организациското однесување не треба да не се остава на играта на случајност, како и да не биде целосно слободен избор на наставникот во училиштето. Наспроти ова треба да се стандардизира посебно правилното однесување во училиштето кое ќе асоцира на неговото работење и истото како такво треба да претставува општо прифатена обврска на сите вработени.

      Секој наставник треба да знае дека надвор од училиште е „амбасадор“ на училиштето. Наставникот во секоја прилика треба да ја истакнува својата лојалност кон воспитно-образовната институција. Доколку на работа се појават одредени дилеми и проблеми истите најдобро е да се решат во рамките на училиштето со своите колеги и претпоставениот, а не со некој од надвор. За својот претпоставен, колеги, ученици и родители наставникот не е добро да кажува лоши работи, најдобро е она што го мачи, а е поврзано со нив, лично да им го соопшти и така да ги разреши недоразбирањата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.