Teachers - Наставници

УЛОГАТА НА НАСТАВНИКОТ КАКО ФАЦИЛИТАТОР

Фацилитаторот е лице кое помага да се заврши некоја работа. Неговта улога е советодавна, поттикнувачка, ги охрабрува лицата со кои работи, им овозможува на оние со кои работи слободно да ги изнесат сопствените чувства и размислувања, обезбедува поддршка.

Наставнико како Фацилитатор:

  • поставува јасни исходи од учењето во однос на секоја наставна содржина и во однос на секоја активност;
  • наместо формалното предавање, диктирање и формални презентации почесто користи активни методи и техники на учење;
  • покрај задолжителниот учебник за работа користи дополнителени разновидни извори на учење согласно потребите на учениците на кои им предава;
  • ги насочува учениците каде да бараат дополнителни извори на учење кои се во согласност со наставната програма која се реализира;
  • им помага на учениците да изберат ресурси кои го поддржуваат нивното учење во училница и надвор од неа;
  • создава и развива нагледни средства и дидактички материјал за учење кои се во насока на поттикнување на активното учење;
  • создава можности и алтернативи за активно вклучување на ИКТ во наствата и учењето;
  • го потикнува работењето во групи, но соодветно место придава и на другите форми на работа;
  • создава можности учениците континуирано да напредуваат во учењето;
  • активно дава воспитно-образовна поддршка на секој ученик;
  • им помага на учениците соодветно да управуваат со учењето за да навремено и ефикасно во разумно време ги остварат исходите од учењето.
  • на учениците им дава можност за постојана проверка на нивните постигнувања во однос на учењето;
  • континуирано го следи напредокот и постигнувањето во учењето на секој ученик давајќи повратна информација на ученикот и неговиот родител;
  • создава услови учениците да бидат одговорни во однос на нивното учење и постигнување.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.