School - Училиште

Куќен ред на училиштето (пример – како треба да изгледа и што треба да содржи)

Куќниот ред на училиштето претставува интерен акт со кој се регулирани правилата на однесување кои треба да ги почитуваат сите чинители поврзани со воспитно-образовниот процес.

Во текстот што следи ќе биде претставен конкретен пример кој ќе ви помогне да изготвите куќен ред на вашето училиште, се разбира, доколку го немате. Но, и доколку го имате можеби овој пример ќе ви даде поттик истиот да го ревидирате и надополните.

Пример, што треба да содржи куќниот ред на училиштето, Наведувате:

 

Врз основа на член __ од Статутот на основното/средното училиште, Училишниот одбор по реализиранаите состаноци на Наставничкиот совет, Ученичкиот совет и Советот на родители на одржаната седница на ___________ донесе

КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО

I ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1.

Со овој Куќен ред се уредува внатрешното работење на (го наведувате името на училиштето), а во текстот што следи името на училиштето ќе биде наведено со зборот „училиштето“.

Член 2.

Овој куќен ред се однесува на сите лица кои по било која основа претстојуваат во училиштето (училишната зграда, училишниот двор, спортската сала, училишните кабинети и  работилници).

Член 3.

Со одредбите на овој Куќен ред одделенските раководители се должни да ги известат учениците и нивните родители , а директорот на училиштето треба да ги извести Наставничкиот совет и останатите вработени во училиштето. Примерок од Куќниот ред треба се истакне на видно место во училиштето, пожелно е тоа да биде на влезниот дел.

II ПРЕСТОЈ ВО УЧИЛИШТЕТО

Член 4.

Учениците, наставниците и останатите вработени во училиштето може да претстојуваат додека трае наставата и останатите воспитно-образовни процеси, односно додека трае работното време на вработените. Надвор од работното време за претстој во училиштетот одобрение треба да даде директорот.

 Член 5

Во просториите на училиштето не е дозволено:

  • попречување на воспитно-образовниот процес;
  • внесување оружје, средства кои може да предизвикаат пожар или експлозија и сите средства кои може да го загрозат животот на учениците и сите вработени во училиштето;
  • внесување и конзумирање на психотропни супстанции (цигари, алхохол и наркотични средства) во училишните простории, училишниот двор и сите места каде се реализира воспитно-образовниот процес;
  • промоција и продажба на сите производи и услуги кои не се поврзани со воспитно-образовниот процес;
  • меѓусебни навреди и насилно однесување;
  • уништување на училиштниот инвентар во и надвор од училиштето;
  • шкртање по училиштните ѕидови или другиот училиштен инвентар;
  • внесување на печатен материјал со непристојна или компромитирачка содржина;
  • учество и реализација во воспитно-образовниот процес под дејство на алхохол или психотропни супстанции;
  • пушење во училишните простории;
  • играње игри на среќа и секаков вид на хазардерски игри;
  • користење мобилни телефони и други информатичко-комуникациска опрема за време на наставата, освен ако не дозволи наставникот и истите побара да служат како наставни, односно нагледни средства;
  • фрлање отпадоците на места каде тоа не е дозволено.
  • учениците не смеат да доведат непозната личности во училиштето без одобрение и дозвола на одделенскиот раководител или директорот на училиштето.

Член 6.

Должност е на наставниците, учениците и сите останати вработени во училиштето да се грижат и да не го уништуваат училиштниот имот. Доколку некој од училиштето направи штета на училиштниот имот, истата треба да ја надомести согласно Правилникот за надомест на штета.

Член 7.

Наставниците, учениците и сите вработени во училиштето рационално треба да ги користат училиштните срдства кои им се ставени на користење. Секој дефект на електричната, водоводната, топлинската инсталација треба да се пријави од страна на наставниците на дежурниот наставник, хаусмајсторот или секретарот на училиштето.

Член 8.

Наставниците, учениците и останатите вработени во училиштето должни се пристојно да се однесуваат во него. Односот помеѓу членовите на училиштниот колектив мора да се заснова на меѓусебна почит, толеранција и културна комуникација. Секој облик на насилство и навредување му штетат на угледот на училиштето и на поединецот како член на тој училиштен колектив.

Член 9.

По завршувањето на работното време вработените во училиштето треба уредно да го соберат работниот материјал и да го стават на прикладно место, да ги затворат прозорците, да ги исклучат апаратите кои работат на електрична енергија, да ги стават нагледните средства на соодветните места, да ги заклучат кабинетите и другите простории.

Член 10.

Наставниците и останатите вработени треба да водат посебна сметка за педагошката документација (училиштниот дневник, главните книги и останатата документација и евиденција), истата по завршувањето на работното време треба да биде ставена на соодветно место и заклучена. На учениците треба да им биде забранет контакт со претходно споменатата документација. Учениците и нивните родители може да имаат контакт со неа во присуство на наставник, одделенски раководител, претставник од стручната служба или друго соодветно и одговорно лице вработено во училиштето.

III РАБОТНО ВРЕМ

Член 11

Вработените во училиште се должни да доаѓаат и да заминуваат дома во време утврдено од страна на директорот, а согласно распоредот на работно време.

Член 12

Во случај на спреченост вработениот да дојде на своето работно место треба да ја извести училишната управа веднаш или во првата  прилика која ќе му се укаже.

Член 13

Наставниците навремно треба да дојдат во училница и да започнат часот, не смеат да го прекинат или напуштат истиот пред тој да заврши.

Доколку во училиштето се изведува кабинетска настава, наставникот треба да биде во кабинетот пред доаѓањето на учениците и да се грижи за нагледните средства и помагала.

По завршувањето на последниот час наставникот последен излегува од училница или кабинет и ги исклучува нагледните средства од електрична енергија доколку истите се користат.

Члан 14

Распоредот на работното време на директорот, стручната служба и секретарот треба да биде јавно истакнат на нивните врати.

Член 15

За време на работните активности наставниците се должни да бараат информаци, објаснувања и известувања од учениците.

Член 16

Родителите може да разговараат со наставниците во денови кои ги има определено училиштето или пак ден и време кога има одредено одделенскиот раководител.

Член 17

Наставниот и останатиот работен материјал може да се внесува и изнесува од училишето само во текот на работното време или надвор од работнот време по добиена дозвола од директорот на училиштето.

Член 18

Вработениот во училиштето работните задачи кои произлегуваат од неговото работно место треба да ги извршува согласно Законот за основно образование, односно Законот за средно образование и дугите подзаконски акти кои произлегуваат од овие закони.

IV. УЧЕНИЦИ

Член 19

Ученикот е должен:

  • културно да се однесува за време на престојот во училиште и надвор од него;
  • учениците пристојно ги поздравуваат наставниците, директорот, стручните соработници и училишниот помошен персонал во училиштето и ндвор од него;
  • во училиште сите (вработени и ученици) треба да доаѓаат пристојно облечени;
  • во училишниот двор и во училишната спортска сала за време на часот по физичко воспитание ученикот треба да биде соодветно облечен – во спортска опрема.
  • во училиште дојди најмалку 10 минути пред почнување на часот и подготви се за час пред да дојде наставникот.
  • без дозвола на наставниците за време на часовите не влегувај во други училници;
  • однесувај се пристојно кон соучениците и сите вработени во училиштето.
  • Грижи се за општата хигиена во целото училиште (училници, ходници, трпезарија, кабинети итн.);
  • Однесувај се примерно со што ќе влијаеш на непречено одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштето.

Член 20.

Со ѕвонењето на училишното ѕвонче кое го означува почетокот на наставата, учениците треба да се во своите училници и подготвено да ги чекаат наставниците за реализација на наставниот час.

Учиниците кои учествуваат во лабараториска и практична настава треба да се соодветно облечени и да се придржуваат кон пропишаните заштитни мерки.

Секој ученик има свое место каде седи или работи и кое не смее да го напушти без дозвола и согласност на наставникот.

Член 21.

Наставата започнува во ______ часот.

Ученикот во училиште најдоцна треба да дојде 10 минути пред почетокот на наставата, а да го напушти најдоцна 15 минути по завршување на наставата.

Член 22.

Доцнењето на учениците во училиште не е дозволено доколку за тоа нема некоја посебна и оправдана причина. Во таква ситуација ученикот тивко треба да влезе во училница и да се извини за своето доцнење. Ученикот за доцнењето се евидентира во училишниот дневник во делот за отсуство, а одделенскиот раководител го оправдува или не го оправдува отсуството на ученикот зависно од причините кои тој ги наведува. Отсуството се оправдува од страна на родител или со медицинска белешка.

Член 23.

За време на наставата во училницата треба да владее ред и мир, односно прифатлива работна атмосфера.

Ученикот кој сака нешто да прша или да каже таа намера ја остварува со дигање рака и барање дозвола од наставникот.

Наставникот своите замерки во однос на работењето и однесувањето на ученикот ги соопштува на одделенските раководител. Доколку проблемите се поголеми се бара помош од училишната стручна служба (педагог, психолог, социолог…).

Член 24.

Ученикот не смее да го напушти часот или друга организирана настава без одобрение на наставникот и тоа може да го направи во исклучителни случаи доколку: учествува како претставник од училиштето во спортски натпревари, учествува на културни манифестации, учествува на училиштни натпревари на знаење итн.

Член 25.

Учениците имаат право на одмор помеѓу наставните часови. Одморите се делат на мали кои траат по 5 минути и големи кои траат по 20 минути.

За време на малите одмори учениците не трба да ја напуштаат училишната зграда, а за време на големите одмори може да претстојуваат и во училиштниот двор.

Член 26.

При напуштањето на училницата учениците треба да си ги земат со себе личните работи.

Училиштето не може да одговара за исчезнување на личните работи или пари на учениците.

Член 27.

Во паралелката неделно се одредуваат по два дежурни ученика.

Нивното задолжение е:

  • да ја подготват училницата за редовен воспитно-образовен процес, бришејќи ја училишната табла и да се грижат за наставните средства и помагала;
  • пред почеток на секој час го известуваат наставникот за отсуство на ученици од паралелката;
  • ги известуваат надлежните во однос на некоја настаната штета, пронајдени предмети итн.

Член 28.

За време на малиот одмор во училница постојано треба да биде присутен еден од дежурните ученици кој ќе се грижи за редот и мирот во училницата.

Член 29.

Дежурниот ученик го одредува одделенскиот раководител според азбучниот редослед во одделенскиот дневник.

Члена 30.

 За време на наставата не може да се одвиваат други активности и дејствија без одобрување на училиштнито директор.

Член 31.

Учениците имаат право и треба да учествуваат во спортски, културни и други манифестации организирани од страна на училиштето.

Член 32.

Учениците се должни да се грижат за уредноста и чистотата на училишните простории и просторот околу училиштето. Училишниот двор и училишните простории може естетски да ги уредуваат во договор со наставниците, одделенските раководители, директорот на училиштето.

V. ДЕЖУРСТВО

Член 33.

За време на реализацијата на воспитно-образовниот процес во училиштето се реализира дежурство од страна на наставниците.

Распоредот и обврските на дежурниот наставник ги одредува директорот на училиштето.

Распоредот за дежурство на наставниците се истакнува на училишната огласна табла.

Член 34.

Местото и траењето на дежурството го одредува училиштниот директор.

Член 35.

Дежурниот наставник:

  • доаѓа 20 минути пред почетокот на наставата и го извршува дежурството до завршувањето на истата;
  • за време на одморите се движат низ училиштето и ги предупредуваат учениците на ред и дисциплина;
  • води евиденција во однос на евентуални кршења на правилата поврзани со „Куќниот ред на училиштето“, запишувајќи ги тие неприфатливи однесувања во книгата за дежурство, на крајот од работното време во истата се изготвува извештај во однос на дежурството кој го потпишува главниот дежурен наставник, а кој подоцна го известува и му го предава на директорот на училиштето.

 

VI. КРШЕЊЕ НА КУЌНИОТ РЕД

Член 36.

Постапувањето по одредбите од Куќниот ред на училиштето претставува составен дел од работните обврски на вработените во училиштето и учениците.

Вработените и учениците кои постапуваат спротивно од Куќниот ред одговараат според Статутот на училиштето, општите акти и другите закони на надлежните институции.

VII.  ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 37.

Овој Куќен ред на училиштето стапува во сила со огласување на училишната огласна табла.

Член 38.

Со стапување на сила на овој Куќен ред престанува да важи Претходниот правилник за куќен ред на училиштето (се наведува името на училиштето).

 

Претседател на училиштниот одбор:

____________________________________

 

 

Место_______________________                                                    Датум____________________

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.