Што велат учениците за наставниците?! Тие како посакувани особини кај своите наставници најчесто ги наведуваат:
- пријателски однос, љубезност, пристојност;
- подеднакво да се однесуваат кон сите ученици, објективно да оценуваат, да ги почитува своите ученици;
- да имаат доверба во учениците;
- да бидат доследени во однесувањето;
- да соработуваат;
- да бидат трпеливи;
- да бидат толерантни;
- да имаат различни интересирања;
- да имаат изградено соодветна смисла за хумор;
- да ги разбираат проблемите на учениците;
- во секое време да се подготвени да помогнат;
- на учениците им даваат поголема слобода во однос на самостојното одржување на редот и дисциплината во училиштето;
- да имаат добро познавање во однос на предметот кој го предаваат, да бидат добри и интересн предавачи, наставните содржини да ги реализираат јасно и интерсно;
- да знаат да ги мотивираат учениците за работа.
Што велат наставниците?! Наставниците ги наведуваат следните особини кои треба да ги красат наставниците – (наставниците кажуваат за наставниците):
- да бидат заинтересирани, мотивирани;
- да ја сакаат својата работа и кон истата да имаат сериозен и одгворен пристап;
- да оценуваат реално, објективно и континуирано;
- добро да предаваат, што подразбира употреба на различни форми, методи и техники на работа;
- подеднакво да ги активираат сите ученици и последователно да го поврзуваат наставниот материјал кој го предаваат;
- континуирано стручно да се надоградуваат;
- да имаат адекватен пристап кон учениците што подразбира да ги уважуваат како личности, да ги сакаат и да ги увежуваат разликите меѓу нив;
- да имаат соодветна комуникација со учениците;
- да имаат пријатен физички изглед и соодветно да се облекуваат;
- да соработуваат со колегите, а исто така да соработуваат и со стручните соработници, училишната управа, техничкиот персонал и родителите.
Наведените особини се сублимирани од повеќе истражувања и наведени се посакуваните особини од страна на учениците и наставниците кои најчесто се повторувале. Исто вакво истражување може да направите и вие на ниво на училиште, каде ќе утврдите кои особини учениците од вашето училиште сакаат да ги имаат нивните наставници и кои особини сакаат да ги имаат наставниците, нивните колеги, поточно кои особини се посакувани за целокупниот наставнички колектив од училиштето.