Многу често во воспитно-образовниот процес за дисциплината и казната се смета дека тесно поврзани, односно дека имаат причинско последична врска. За да нештата бидат појасни во еден табеларен приказ ќе биде претставено што е дисциплина, а што е казна.
ДИСЦИПЛИНАТА е:
|
КАЗНАТА е: |
Давање позитивни алтернативи на учениците.
|
Кажување на учениците што НЕ треба да се прави |
Давање признание и награда за вложениот труд за доброто однесување
|
Груба реакција во однос на непримерното однесување. |
Почитување на правилата од страна на учениците затоа што за истите се водело заедничка расправа и се донел заеднички договор
|
Почитување на правилата затоа што учениците се заплашени и се упатуваат закани истите да се почитуваат |
Доследно и силно водење | Наметната контрола, исмејување, понижување
|
Позитивна, насочена кон почитување на ученикот
|
Негативна, не го почитува ученикот |
Физички и вербално ненасилна
|
Физички и вербално насилна и агресивна |
Логички последици кои произлегуваат од непримерното однесување
|
Последици кои не се поврзани со непримерното однесување |
Кога учениците ќе го исправат погрешно направеното | Кога учениците се казнети без да им се даде прилика да ја исправат направената грешка
|
Разбирање на индивидуалните способности, потреби, состојби и развојни стадиуми
|
Непримерна во однос на развојот на ученикот; индивидуалните способности и потреби не се земени предвид |
Поучување на учениците на самодисциплина
|
Поучување на учениците на примерно однесување само кога се набљудувани |
Користење на грешките како можност за учење | Учениците се тераат да почитуваат нелогични правила затоа што „јас така велам“
|
Насочена кон ученичкото примерно однесување, „ученику твоето однесување не е добро“ | Критизирање на ученикот, а не на неговото однесување „не си во право – глуп си“
|