Марија Монтесори е значаен педагог која со својата работа дала значаен допринос во развојот на педагошките науки. Во оваа прилика нема да зборуваме опширно за нејзиното значење и дело, туку само ќе ги споменеме нејзините 19 постулати на кои треба да се темели воспитанието.
- Децата учат од нивното опкружување.
- Доколку детето често го навредуваме, тоа учи како да ги осудува другите.
- Доколку детето често го фалиме тоа учи како да ги цени другите.
- Доколку кон детето покажуваме непријателско однесување, тоа ќе научи како да се тепа.
- Доколку сте искрени кон детето, тоа ќе научи што значи да се биде праведен.
- Доколку детео често го исмејувате, тоа ќе стане срамежливо.
- Доколку детето се чувствува сигурно, тоа ќе научи да им верува на луѓето.
- Доколку на детето пречесто му велиме „срам да ти е“, тоа ќе научи секогаш да се чувствува виновно.
- Доколку детето често го храбриме, тоа ќе има голема самодоверба.
- Доколку на детето му овозможите поддршка, тоа ќе биде самоуверено.
- Доколку детето живее во пријатно опкружување и чувствува дека на другите им е потребно, ќе научи како да љуби.
- Никогаш немојте да зборувате лошо за детето, било тоа да е во негово присуство или негово отсуство.
- Секогаш трудете се да го развиете доброто кај детето, на тој начин создавате да нема место за лошо во неговото срце.
- Секогаш сослушајте го прашањето поставено од детето и одговорете на истото кога тоа ќе ви се обрати.
- Почитувајте го детето и кога греши, тој е начинот како тоа да ја исправи направената грешка.
- Секогаш бидете подготвени да понудите помош на дете на кое таа му е потребна и да се повлечете кога ќе почувствувате дека тоа во дадената ситуација се снаоѓа.
- Помогнете му на детето рано да ги совлада работите. Тоа ќе го сторите на тој начин што ќе се погрижите светот кој го опкружува да биде исполнет со позитивност, мир и љубов.
- Кон детето секогаш оденувајте се убаво. Покажете му како да стане најдобра личност.
- Почитувајте го детето кое одмора набљудувајќи ги активностите на другите деца или доколку размислува за нешто што работело. Немојте да го вознемирувате терајќи го на некоја друга активност.