Students - Ученици

ВЕШТИНИ КОИ УЧЕНИКОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ГИ СОВЛАДА ЗА ВРЕМЕ НА ШКОЛУВАЊЕТО

До не така одамна писменоста подразбирала лицето да знае да пишува, чита и смета. Денес во дигиталното време на живеење за писмено лице се смета она кое информатички и медиумски е писмено, критички размислува, има соодветен пристап во решавање на одреден проблем, знае тимски да соработува и правилно и практично ги применува информациите и стекнатите знаења. Претходно споменатите вештини треба да ги совлада секој ученик кој живее во новата ера на дигитализација.

Вештини кои секој ученик треба да ги поседува во 21 век.


Неписмени лица во дигиталната ера на живеење

За неписмена личност во денешниот современ систем на живеење секако дека се смета лице кое не знае да чита, пишува и смета, но такви случаи се многу ретки. Денес не е толку битно колку информации ученикот ќе усвои туку колку од тие информации ќе знае да ги примени во реалниот живот. Ова подразбира дека на ученикот во реалниот живот стекнатото знаење треба да му користи при анализирање, управување, интегрирање, пристапување, вреднување и креирање на информациите кои се сретнуваат во различни медиуми. Ова подразбира тој да е информатички и медиумски писмен. Меѓу другото да знае да процени која информација е вистинита, веродостојна, а која лажна.

Комуникација

Многу е значајно ученикот да знае дека добра комуникација е онаа која се реализира во две насоки, истовремено таа комуникација е и продуктивна. Комуникацијата е темел на секоја успешна соработка. Денес, во современата ера на живеење, каналите на комуникација се многубројни. Затоа битно е ученикот да го следи трендот на медиуми за комуникација кои правилно ќе ги користи во реализација на неговите цели. Ова многу зависи од стекнатото знаење, вештините на изразување, правилно креирање на пораката и нејзино правилно испраќање до оној кој треба да ја прими истата.

Соработка

Во минатото поголемо значење и вредност му се давало на ученикот кој индивидуално ги реализирал сите обврски. Денес нештата се сменети, поголемо значење му се придава на тимскиот играч. Денес е позастапен принципот и мислењето дека исходот ќе биде поцелисходен доколку на активноста се има тимски пристап и дека резултатот ќе биде многу подобар од оној резултат кој ќе биде производ од активноста на еден ученик. Повеќе глави подобро мислат. Од тие причини учениците треба да се насочат, посебно оние од средното образование, на тимска работа, активности и комуникација, тоа е она што ќе ги чека во однос на реалниот живот по завршувањето на образованието.

Креативност

Покрај значењето на стекнатото знаење не помалку важна е и креативноста. Таа претставува поврзување и осмислување на веќе постоечките нешта и нивно ставање во нова функција, создавање на нешто ново. Доколку сакаме нашите ученици да бидат успешни и спремни за новиот живот кој го нуди 21 век, треба кај нив да ја поттикнуваме креативноста, новиот пристап и поинаквото гледање на нештата кои ги опкружуваат. Не треба да ги ставиме сите во еден ист калап на размислување и делување, едноставно да им дадеме слобода нештата да ги гледаат од различни агли кои се поинакви од оние агли од кои дотогаш ги гледале нештата. Иновативниот и креативен наставник и училиштето кое негува таков пристап имаат големо значење во создавање на креативни ученици.

Инвентивност

Инвентивен е оној ученик кој се одликува со творечки дух, кој создава и пронаоѓа нешто ново, кој има нови идеи. Инвентивноста е многу тесно поврзана со креативноста. Инвентивноста не подразбира само ученикот да биде креативен, туку тој да размислува критички и да има развиена фантазија и истовремено да знае правилно да ги процени околностите под кои неговата идеја се создала и кои се можностите истата да се реализира.

Проблемско размислување

Од сите интелектуални функции проблемското размислување се смета за најкомплексно. Негова појдовна точка на претпоставка е дека знаењето не се усвојува ученикот да биде само позитивно вреднуван со високи оценки, туку тоа треба да најде практична примена во решавањето на конкрети задачи, ситуации и проблеми. Во овој случај многу е битно стекнатите знаења од различни области да се спојат и да имаат соодветна функционална примена во изнаоѓање на некое решение. Заради тоа потребно е наставниците да им пренесуваат на учениците токму такви модели на усвојување знаење, да ги научат дека не треба да се дава приоритет на оценката туку да се даде приоритет на стекнатото знаење и неговата практична примена и што може да се добие од примената на стекнатото знаење.

Создавање систем на одговорности и вредности

Често сакам да кажам, „За да имаме успешно и продуктивно образование првенствено е важно да имаме добро воспитание“. Ова значи дека воспитанието и образованието имаат меѓусебна тесна причинско – последична врска. Колку што е важно образованието исто толку важно е и воспитанието. Ова произлегува од таму што воспитанието се грижи во однос на создавањето и обликувањето млади луѓе со интегритет и одговорност, свесни за своите постапки, луѓе на кои во иднина ќе може слободно да се потпре човештвото. Многу е важно на учениците уште од нивна најмала возраст да им се укаже на тоа што се вистински животни вредности, затоа што неправилното користење на алатките и средствата поврзани со новата дигитална технологија може да предизвикаат далекусежни несакани последици.

Продуктивност и добри резултати

Праксата покажува дека добрите оценки од тестовите на учениците не се гарант за продуктивност во однос на активностите поврзани со исходите на учениците во реалниот живот. Посебно не во времето кога ќе бидат возрасни и професионално работно ангажирани. На учениците наставниците треба да им дадат до знаење дека продуктивноста е директно поврзана со успехот, резултатите и успешното напредување во секој поглед. За да можат учениците да го достигнат посакуваниот, односно бараниот квалитет кој современото време на живеење го бара тие треба соодветно да се служат со современите расположливи дигитални и модерни технолошки алатки кои им стојат на располагање. Тоа подразбира правилно поставување на приоритетите, планирањето и усвојувањето на нови знаења.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.