Teachers - Наставници

НЕШТА КОИ ГИ ПРАВАТ НАСТАВНИЦИТЕ, А ИМ ПРЕЧАТ НА УЧЕНИЦИТЕ

Во вашата наставничка пракса сте се сретнале со низа ситуации и однесувања манифестирани од страна на учениците, а кои ви пречеле. Сигурно не сте биле воодушевени туку сте биле изнервирани и вознемирени кога сте влегле во училница, а топката летала на сите страни; во друга ситуација кога учениците играле карти и не го забележале вашето присуство, односно влегување во училница; ситуација каде некој седнал на вашето место и ги кренал нозете на маса итн. Овие се некои ситуации, (слободно може да се каже во блага форма бидејќи има многу поекстремни лоши однесувања), кои им пречат на наставниците, но има и нешта кои ги прават наставниците, а им пречат на учениците.

  • На учениците многу им пречи кога пишувате на табла, а кредата шкрипи.
  • Кога на табла пишувате нечитко или пишувате со мали букви па мора постојано да прашуваат што е напишано на неа.
  • Ги нервира кога пребргу диктирате, а тие не успеваат сè да запишат.
  • Не им се допаѓа кога ѕвончето означило крај на часот, а вие сè уште не сте завршиле со реализација на наставниот час.
  • Им пречи кога зборувате тивко и не можат јасно да ве слушнат што зборувате.
  • Им стоите над глава додека пишуваат и во меѓувреме загрижено воздивнувате.
  • Не им придавате значење и внимание на она што зборуваат, едноставно интересот ви е насочен на некое друго место или бесцелно гледате низ прозорец.
  • Кога одговараат, а вие сомнително и загрижено ги гледате иако одговите им се точни.
  • Им пречи кога ги коригирате и барате од нив да користат литературен јазик кога писмено и усно се изразуваат.
  • Доцните на час, а закажан е тест.
  • Кога ги критикувате денешните генерации и им кажувате какви позитивни одлики ги краселе претходните генерации.
  • Кога им поставувате прашања поврзани со материјал кој го немаат научено.
  • Кога во изразувањето користите неразбирливи зборови за нив и нивната возраст.
  • Кога не можете да им го запомите името и ги ословувате со некое друго име.
  • Поставувате прашање и очекувате одговор без конкретно да посочите кој да одговори на прашањето.
  • Кога им давате да решаваат тест кој претходно не бил најавен.
  • Не им дозволувате на час во клупа да седат со кого тие сакаат, туку вие како сакате.
  • Додека одговараат постојано ги потпрашувате.
  • Писмените работи не им ги давате и не им ги соопштувате резултатите подолг временски период туку ги чувате во неизвесност.
  • Тропкате по клупа или на табла додека се насочени кон решавање на тест бидејќи им треба концентрација.

Вие сепак сте наставник, потрудете се да ги надминете овие работи, вие со учениците треба заедно да функционирате. Доколку не можете да ги надминте одеднаш работите кои им пречат на учениците обидете се да ги решавате една по една. На ваков начин им давате до знаење дека ги почитувате, очекувајте учениците позитивно да ви возвратат.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.