Teachers - Наставници

Практична примена на Блумовата таксономија наставник-ученик

 

Подрачје

 

Што прави наставникот

 

Што прави ученикот
Познавање Насочува, зборува, испрашува одговара, памти, препознава
Разбирање демонстрира, слуша, подредува, испрашува објаснува, демонстрира, интерпретира
Примена покажува, помага, набљудува, критикува решава проблем, го употребува знаењето, конструира
Анализа управува и ги насочува активностите дискутира, открива, наведува, анализира
Синтеза анализира и вреднува

 

дискутира, поедноставува, спротивставува, апстрахира
Евалуација објаснува, анализира, вреднува суди, дискутира, развива критика

bloom's_taxonomy

Примери и прашања за подрачјата (нивоата) на Блумовата таксономија – когнитивна класификација

Примери за подрачјето (нивото) „Познавање

  1. Есејот претставува:

А. Автобиографија.

Б. Дневник.

В. Литературен вид на текст.

Г. Римско филозофско дело.

 

  1. Стручното лице кое изготвува скици за изградба на објект се вика:

А. Ѕидар.

Б. Столар.

В. Електричар.

Г. Архитект.

 

  1. Науката која се занимава со изучување на минатото се вика:

А. Историја.

Б. Географија.

В. Математика.

Г. Информатика.

 

Примери за подрачјето (нивото) „Разбирање

  1. Со народната поговорка „Прво скокни па потоа кажи oп“ се сака да се каже:

А. Пред да кажеш нешто прво добро размисли.

Б. Почитувај ги возрасните.

В. Животот е прекраток за да се нервираш.

Г. Не биди пребирлив.

 

  1. Објасни што претставува Е = mc2.

 

  1. Доврши ја реченицата: Илинденското востание се кренало:

А. 1903 година во Кратово.

Б. 1903 година во Крушево.

В. 1901 година во Банско.

Г. 1901 година во Солун.

 

Примери за подрачјето (нивото) „Примена

  1. Определи која од реченициве е допусна зависносложена реченица.

А. Иако го болеше главата, наставникот ја објаснуваше лекцијата.

Б. Одиме во Маврово кога ќе заврне снег.

В. Задоцнив на час затоа што не пристигна автобусот.

Г. Реката беше матна, така што ништо не видовме во неа.

 

  1. Како можеш да ја искористиш Питагоревата теорема за да измериш висина на дрво?

3. Објасни го процесот на разможување кај растенијата?

 

Примери за подрачјето (нивото) „Анализа

  1. (се наведуваат факти и мислења, а прашањето гласи) Одреди кои од наведените изјави се факти, а кои мислења.
  2. (се наведува аргумент, а прашањето гласи) Објасни ја ненагласената претпоставка која го поддржува овој аргумент.
  3. (се наведува случката од одреденото дело, а прашањето гласи) Како се промени главниот лик во делото после таа случка?

 

Пример за подрачјето (нивото) „Синтеза

  1. Изнајди начин како да се зголемат приходите наменети за еколошката акција.

Кое решение го предлагате?

Што предвидувате?

Опиши ги резултатите кои ќе произлезат од преземените мерки.

Изнеси заклучок поддржан со факти.

 

Примери за подрачјето (нивото) „Евалуација

  1. Кој момент е најважен во приказната и зошто?
  2. Што е најважно за успех на оваа фирма (наведи мислења, видувања, факти, претпоставки, оценки)?
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.