Students - Ученици

КАКО СЕ СОЗДАВААТ НЕСПОСОБНИ УЧЕНИЦИ

Во овој текст се претставени неколку начини на однесување од страна на наставниците, а пред сè од страна на родителите кои ги применуваат во однос на учениците, односно нивните деца и на тој начин од нив создаваат непродуктивни ученици кои не се спремни да се грижат самите за себе, а уште помалку за оние околу нив. Ваквите учениците не се подготвени да се соочат со предизвиците кои ги носи животот и секогаш се зависни од оние кои се во нивното непосредно опкружување.

Постојан надзор на учениците неоставајќи ги ниту еден момент да бидат сами. На ваков начин на учениците им се одзема приватноста. Ова не се однесува само за наставниците, уште повеќе важи за родителите. Децата постојано се во присуство на возрасните и активностите ги реализираат под нивен буден надзор. Дозволете им на учениците самостојност и приватност.

Им се даваат информациско комуникациски направи (компјутери, таблети, мобилни телефони) со цел да се смират, целта е направата да им го привлече вниманието, а во случајов родителите „да бидат на раат“ за да можат да ги гледаат своите емисии на телевизија, да испијат кафе со комшиите, да не бидат вознемирувани од децата додека се некаде заедно итн. Крајно нехуман и себичен чин кон децата од страна на возрасните.

 Семејните средби и ритуали се сè помалку присутни, се нема време за заедничко подготвување на ручек; се нема време за семеен ручек дури и за време на викендите; сè помалку има фамилијарни средби, а тоа доведува роднините меѓусебно да не се познаваат, почитуваат и помагаат.

Се занемаруваат значајните семејни функции, ученикот оди во училиште, родителот на работа, секој секаде некаде брза, се нема време за семејството. Децата растат под стаклено ѕвоно под воспоставена шема.

 Децата уште од мали нозе се под будното око на опсерваторите, првенствено од родителите и семејството, а потоа во градинка и училиште од воспитувачите и наставниците. Децата уште од мали нозе се оценуваат, вреднуваат и проценуваат. Во некои земји не е така, на пример во Финска. Таму учениците почнуваат да бидат оценувани од 6 одделение.

Создавање јаз помеѓу одличните ученици и оние послабите, создавање лажни авторитети. Учениците треба да знаат дека првенствено треба да учат за знаење, кое ќе биде практично применливо и корисно во нивниот секојдневен живот. Многу често учениците добиваат и подарени оценки под влијание на роднински, пријателски и друг вид врски. На таков начин не му се помага на ученикот, напротив, му се одмага. Кога ќе стане возрасен и подготвен за работа од него ќе се бара да покаже што знае и умее.

Пренесување само на теориско знаење без да им покажеме како тоа е функционално во реалноста.  Не децата не им дозволуваме да се обидат да сменат сијалица, да зашрафат шраф, да се обидат да зготват храна итн.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.