Образованието и воспитанието на учениците е на прво место за наставниците. Современиот наставник секогаш се држи достоинствено и многу му е важен неговиот интегритет. Тој одлично го познава наставниот предмет кој го предава и се труди постојано да биде во чекор со новитетите во однос на неговиот предмет и воопшто со сите новини во воспитно-образовниот процес. Праведен е и гради позитивни односи со учениците, родителите и колегите.
Современиот наставник…
-
Поставува барања, а од учениците има очекувања кои инспирираат, мотивираат и кои претставуваат предизвик за нив
- обезбедува сигурно опкружување кое поттикнувачки влија врз учениците засновано на меѓусебно почитување;
- поставува јасни цели и заедно со учениците се труди истите да станат достижни и остварливи;
- секогаш демонстрира позитивни вредности и однесувања, кои бара да бидат манифестирани и од учениците.
-
Тежнее кон напредок и добри резултати од учениците
- се смета за одговорен за постигнувањата на учениците, нивниот напредок и резултати;
- свесен е за способностите на учениците и нивните претходни знаења и согласно тоа ја планира наставата;
- ги насочува учениците позитивно да размислуваат во однос на постигнатиот успех и идните потреби;
- знае и применува современи методи, техники и форми на работа со чија помош ги реализира новите наставни содржини, вежби и повторувања;
- ги поттикнува учениците кон сопствената работа и учење да се однесува одговорно.
-
Манифестира добир познавања на материјалот поврзан со наставниот предмет
- има добро познавање во однос на наставната програма поврзана со предметот и наставните содржини;
- ги следи сите новитети поврзани со наставниот предмет кој го предава;
- предавањата му се јасни, користи литературен јазик и изрази согласно возраста на учениците;
-
Доборо го планира и реализира наставниот материјал
- ефикасно го користи расположливото време предвидено за еден наставен час;
- го истакнува значењето на учењето и ги поттикнува учениците за усвојување нови знаења;
- задава домашни задачи, посочува дополнителни извори за проширување на знаењата и стекнување нови знаења;
- системски приоѓа кон целиот наставен процес;
- се труди наставните содржини да ги направи подостапни и поинтересни за учење;
-
Наставата ја прилагодува согласно можностите на секој ученик
- има ефикасен и одговорен пристап во однос на работењето со сите ученици;
- знае да ги детектира потенцијалните проблеми во однос на материјата која ја предава и истите ги прилагодува на поедноставен и подостапен начин;
- има претстава за физичкиот, социјалниот и општествениот развој на сите деца и знае да се прилагоди согласно потребите на учениците;
- има јасна претстава за децата со посебни потреби (кои имаат потешкотии во учењето по разни основи и учениците кои покажуваат натпросечни знаења) и согласно нивните потреби ја креира наставата.
-
Вреднува согласно стандарди и критериуми
- оценува согласно законските одредби, критериуми и стандарди;
- знае што е дијагностичко, формативно, и сумативно оценување и адекватно ги користи;
- планира, изготвува и користи инструменти за следење и вреднување на постигнувањата на учениците;
- на учениците во однос на нивното напредување и постигнувања им дава навремени повратни информации.
-
Внимава на севкупното однесување со цел да се создаде пријатна клима за учење
- согласно законските и подзаконските акти поврзани со воспитно-образовниот процес креира правила кои промовираат добро и прифатливо однесување;
- има големи очекувања од учениците во однос на нивното однесување;
- успешно го води одделението користејќи соодветен пристап согласно потребите на учениците;
- одржува добри односи со учениците истовремено им е пример за добро однесување.
-
Успешно ги извршува општите работи поврзани со неговата работа
- дава позитивен допринос во однос на севкупниот училишен живот;
- развива ефикасен и професионален однос со колегите заснован на меѓусебна помош, меѓусебно разбирање и толеранција;
- ефикасно ги користи расположливите ресурси;
- сака континуирано стручно да се надоградува;
- остварува редовни и индивидуални средби со родителите во однос на постигнувањата на учениците во сите сфери од воспитно-образовниот процес.
Ј.Б.
Categories: Teachers - Наставници