Да се биде наставник не е така едноставно. Оваа професија е под различни влијанија, од една страна секогаш тука е присутно влијанието на новите текови и иновации, а од друга страна поединечните размислувања на индивидуалци кои имаат застарени догматски сфаќања на функционирање на воспитно-образовниот процес. Сепак работата со деца е исполнителна, инспиративна и хуманистичка работа.
Еве неколку причини кои одат во прилог на тоа дека наставничката професија е посакувана.
Влијае на правилниот животен тек на ученикот – наставникот преку своите совети го насочува ученикот согласно неговте карактеристики и потенцијал по кои животни патки да тргне и да се движи. Наставникот е посебно задоволен кога благодарејќи на неговите конструктивни совети ученикот успеал во животот и е познат не само во локални и национални рамки, туку неговиот успехе е светски.
Му дава можност на наставникот да биде креативен – покрај тоа што наставата може да биде програмирана согласно одредени насоки и правила, согласо одредени законски рамки, таа му нуди на наставникот да ја прикаже сопствената креативост, посебно во непосредната работа со учениците осмислувајќи и изготвувајќи соодветни и креативни нагледни наставни средства и помагала, примена на креативни форми, методи и техники на работ итн.
Постојана можност за подобрување во работата – наставникот има можност да посетува голем број обуки, семинари, работилници итн. Преку нив тој има можност прфесионално да го надоградвува сопственото знаење и да биде во тек со новитетите поврзани со предметот кој го предава и воопшто со новитетите во воспитно-обрзовиот процес.
Најдобрите наставници професијата наставник не ја избраат заради платата туку заради што ја сакаат – платата на наставницте не е голема, обично се движи во просекот на платите и животниот стандард во земјата каде работат и живеат, а често пати платата е и под просечната во државата. Како што реков наставникот својот позив првенствено го избира заради работата што ја сака, а не заради платата што ја прима. Многумина знаат да речат дека работата на наставникот во денот трае околу 4-5 часа, а зиме и лете наставникот има одмор како и ученицте. Но тоа не е така, забораваат дека тие часови се ефективи и дека наставникот (посебо оној кој е одговорен и ја сака својата работа) поминува уште 2-3 часа дома во подготовка на наставата за утрешниот ден, а лете и зиме додека учениците се на одмор наставниците се сè уште во учлиште каде работат административни работи и го планираат наставиот процес кој го реализираат.
Секогаш се наоѓа задоволство во работата – зборот наставник се однесува на значајна општествена титула (за жал во денешницава некаде помалу, а некаде повеќе вреднувана и почитувана). Оваа професија секогаш бара посеопфатност и ангажираност. Понекогаш како наставници имаме впечаток дека сме застраниле од примарната наставичка активност (предавање и реализација на наставните содржини), но не помалку значајни се и активностите поврзани со средби со родителите, изготвување инструменти за следење на работата на ученците, соработка со другите наставници, оценување итн.
Секогаш е во тек со она што е ново и во тренд – наставникот работи со млада популација која е двигател и од која произлегуваат многу иноваци и трендови. Тој секогаш е во тек со она што го сакаат младите. Наставникот е личност која може преку својот авторитет (кој треба да го изгради и создаде макотрпно и иствремено да го заслужи преку доверба кај учениците) да влијае кај младите во сузбивање на негативите појави и трендови.
Деца – не секој има привелегија да работи со деца!