Students - Ученици

Дислексија и Дисграфија

Дислексија

Дислексија (dys – слаб, лош; lexis – јазик, збор) претставува специфично нарушување на способноста за читање и разбирање на прочитаното, при што тешкотиите кои се јавуваат се неочекувани во однос на возраста, интелектуалните и образовните способности, а не се резултат на општите развојни или сензорни пореметувања, како што се оштетување на вид или слух.

Децата со дислексија размислуваат во слики и зборовите за кои можат да формираат слика за нив не претставуваат проблем. Проблемот се јавува кога помеѓу зборовите за кои се формира слика ( куќа, дрво, маче) ќе се најдат зборови за кои не може да се формира слика (ако, кога, секогаш, кој). Тогаш се јавува т.н. празна слика и збунетост, па детето го прескокнува тој збор или го изговара со тешкотија, неправилно и долго. Ова доведува до збунетост, деконцентрација и замор, а детето всушност не разбрало ништо од она што го читало.

Дислексија

Децата со дислексија, исто така, имаат потешкотии и при задржување во сеќавањето на сликите на зборовите, како и во разложувањето на реченицата на слогови или фонеми и во нејзино повторно составување. Ги збунуваат меѓусебно сличните броеви: 7-1, 5-3, 6 – 9 или двоцифрените броеви 23 – 32, 57 – 75 , 34 – 43, а потешкотии имаат и со симболите за четирите математички операции: плус (+), минус (-), множење (.), делење (:). Слушањето, препознавањето, како и памтењето на буквите и зборовите бараат концентрација, време и брза реакција, што е тешко за децата со дислексија и предизвикува стрес и негативни емоционални реакции.

Дисграфија

Дисграфијата е специфично нарушување на способноста на детето да ја совлада вештината на пишување, која се воочува низ многубројни и типични грешки кои не се поврзани со незнаење на правописот, нити со степенот на интелектуален и говорен развој.

Карактеристично за дислексија и дисграфија е:

-се работи за нарушување на читањето и пишувањето, па често се јавуваат заедно

-се менува со растењето-развојот (може да се совлада брзината и точноста на читањето, но не и разбирањето на прочитаното)

  • спора синтеза и анализа;
  • изоставање (марка – мака), замена (кај-кој, телевизор – летевизор ), додавање на букви (брада – барада), слогови или зборови при читањето и пишувањето; замена на букви со слична форма (коњ-кон ; Елен-Злен);
  • превртување на букви при пишувањето;
  • непочитување на редот и просторот на хартијата при читањето и пишувањето;
  • неуредност на ракописот, особено неизедначеност на големината на буквите и аголот на пишување;
  • неразбирање на прочитаното и на примените информации;
  • потешкотии во одредувањето на поредокот (прв/последен, лево/десно);
  • спорост, мал фонд на зборови, неразбирање на синоними, метафори, хомоними;
  • кај ученикот често е присутна диспропорција меѓу вербалното и невербалното изразување

Прилагодување-дислексија

Простор/ време

 

Материјал

 

-Добро е детето да седи блиску до таблата

-За да се освести временската димензија правење распоред (на часови, на активности) со помош на слики

-Да му се овозможи повеќе време за работа

 

-Бледожолта хартија (крем боја) без сјај

-Големина на букви 14 минимално

-Еден фонт, проред 1,5 минимално

-Без коси или подвлечени букви

-Текстот поделен на кратки делови помеѓу кои има празен ред

-Кратки реченици – една реченица-една информација

-Користење слики за усвојување поими

-Користење на аудио или видео материјал

 

Активности

 

-Користење когнитивни мапи за шематско прикажување и учење

-Користење на картици со слогови за правење зборови

-Нагласување на она што е важно во наставната содржина

-Визуелна дискриминација на слични букви (пишување според модел)

-Разликување на слични гласови

-Делење на текстот во учебникот на кратки логички целини и осмислување на кратки прашања преку кои ќе стекнеме увид во разбирањето на прочитаното.

-Да се објаснат зборовите, изразите и стилските фигури кои претпоставуваме дека ученикот не ги знае

-Давање на пократки задачи кои се соодветни на должината на неговото внимание

Прилагодување-дисграфија

Простор/ време

 

Материјал

 

-Добро е детето да седи блиску до таблата

-Да му се овозможи повеќе време за работа

-Да се разложи пишувањето на кратки единици со одмор помеѓу нив

-Давање предност на усните форми на поучување и проверка

 

-Едноставни текстови во кои недостасува некоја буква или слог кој треба да го допише

-Користење на визуелни, слушни и тактилни стимулации при обработка на нови содржини

-Овозможување пишување со печатни букви

 

Дисграфија

Активности

 

-Пишување според шаблон за развој на фина моторика

-Вежби за поврзување буква-глас

-Да се подели задачата на повеќе фази

-Да се зададе помал број на задачи одеднаш (или една по една)

-Проверување дали детето ја разбрало содржината, поимите и дефинициите

-Да се користат визуелни, слушни и тактилни стимулации при обработка на нова содржина

-Детето да не се става во ситуација да пишува на табла пред целата паралелка

-Активноста со пишување може да се замени со друга активност

 

Обука: Зајакнување на капацитетите на училиштата за инклузивно образование

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.