Students - Ученици

ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИНДИВИДУАЛЕН ОБРАЗОВЕН ПЛАН

Последниве неколку години тенденција е сите ученици без разлика на својот степен на развој и други специфичности и карактеристики да бидат интегрирани заедно со децата со континуиран, односно просечен развој во една иста училница каде сите заедно ќе го следат наставниот процес. Тоа би значело инклузија, односно интеграција на сите деца заедно. Ако се обидеме инклузијата поконкретно да ја објасниме ќе најдеме многу објаснувања и дефиниции. Инклузијата како термин се користи кога маргинализираните деца и децата кои имаа одредени пречки во развојот се вклучуваат во редовната настава заедно со своите врсници за време на целиот училишен ден. За ова наставникот треба да биде обучен, односно да има посетено повеќе семинари на кои ќе се стекне со знаења како да работи со маргинализираните групи учени и ученици кои имаат одредени пречки во развојот. Во оваа прилика нема да стане збор за инклузијата како процес, туку ќе стане збор за планирањето на наствата, односно како да се планира наставниот процес при работа со овие ученици. Секој наставник во нашата земја треба да биде обучен да работи со ученици кои имаат одредени пречки во својот развој, а за таа цел треба да биде оспособен да изготвува  Индивидуален образовен план (ИОП). Истиот треба да се изготвува за секоја учебна година, да биде насловен за кое одделение се однесува, име и презиме на ученикот (може само и иницијали на ученикот), датум на раѓање на ученикот, кој го изготвил (име и презиме на наставникот), да има временска рамка на реализација. За да се изготви ИОП треба да се добие согласност од родителот или старателот. Во истиот во посебна графа треба да биде објаснета природата на проблемот на ученикот и тоа конкретно со сите негови специфичности. Во друга графа се наведуваат формите, методите и техниките за работа со овој ученик согласно неговите потреби. Согласно природата на проблемот на ученикот, наставникот планира и изготвува наставни средства и помагала за работа со ваквите ученици. Во следната графа наставникот ги наведува очекуваниете ефекти во однос на адаптацијата на ученикот во средината каде учи, усвојување на нови сознанија согласно неговите потреби итн. Во следниот дел од ИОП наставникот за ученикот посуштински ја планира наставата во однос на наставниот предмет, па така ги наведува наставните содржини кои се реализираат и во однос на истите ги планира целите. Целите произлегуваат од наставната програма на предметот, но тие се упростени во однос на барањата кои треба да ги достигне и усвои ученикот, односно се во склад со неговите можности и психичи и физички карактеристики на ученикот. Во ИОП наставникот треба да ги наведе и очекуваните исходи во однос на предадениот материјал, односно да ги наведе областите каде тој очекува усвојување на нови знаења и теориска и практична примена на истите. Исто така, наставникот ги наведува конкретно кои методи, техники и форми ќе ги користи при реализација на секоја наставна содржина, како и кои наставни средства ќе ги користи во работењето со ученикот. Следењето и вреднувањето на ученикот е индивидуално без да се прави некоја паралела, односно споредба со другите ученици во паралелката. Следењето и вреднувањето на ваквиот ученик се спроведува поединечно, усно, писмено или практично согласно потребите на ученикот, следењето и вреднувањето треба да биде континуирано, а исто така и поттикнувачко и мотивирачко.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.