School - Училиште

ПОЈДОВНИ ТОЧКИ НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

Секој наставник мора да ја знае содржината на образовниот процес, односно кои се основните темели врз кои тој се заснова.

Закон за основно образование и Закон за средно образование

Во зависност дали наставникот ќе предава во основно или средно образование, тој мора да го знае соодветникот закон и законските акти кои се поврзани со истиот. Впрочем, секој наставник кога ќе му заврши приправничкиот стаж полага стручен испит во кој еден дел е и познавање на соодветниот закон согласно образованието каде тој работи (основно или средно). Наставникот истовремено треба да е во тек и со сите законски измени, а тоа значи наставникот треба да се интересира и да биде во тек со сите измени поврзани со образовниот процес.

Наставен план

Наставниот план е основниот документ на кој се заснова наставата. Во зависност од видот на наставата, постои наставен план за основно и наставен план за средно образовани. Наставните планови кај нас се исти во однос на сите наставни јазици на кои се изведува наставата во нашата земја. Тука мора да се напомене дека за средните училишта има наставен план за гимназиско образование, наставен план за средно стручно четиригодишно образование и наставен план за средно стручно тригодишно образование. Исто така има и наставен план за основно музичко и балетско образование, наставен план за основно образование за учениците со посебни образовни потреби, наставен план за средно образование – спортска гимназија, наставен план за средно уметничко образование – ликовна уметност, наставен план за средно музичко и балетско образование. Наставникот задолжително треба да ја знае структурата на наставниот план и специфичностите кои произлегуваат од него. Како пример за структурата на еден наставен план ќе го земеме наставниот план за осново образование. Во првата графа на наставниот план се наведени сите задолжителни наставни предмети и во кое оделение и со колку часа неделно се реализира истиот. Во долниот дел постои графа во кој е наведен бројот на предмети кои се реализираат во секое одделение од основното образование. Понатаму следува графа во која се наведени сите изборни предмети, а во однос на изборните предмети потребно е тој изборен предмет да го слушаат најмалку 15 ученика. Во однос на истите следува објаснување кога, како и во кое одделение се реализира истиот. Во долниот дел постои графа во кој е даден бројот на изборни предмети со колку часа неделно може да се реализираат истите за секое одделение. Во наставниот план е посочено колку часа и во кои одделенија се реализира дополнителната и додатната настава, потоа е дадено во кои одделенија и со колку часа неделно се реализира часот на одделенската заедница, а на крајот од табеларниот приказ на наставниот план се наведени и училишниот хор и училишниот оркестар и со колку часа неделно се застапени истите.

Наставна програма

Секој наставник согласно наставниот предмет кој го предава треба да ја реализира наставната програма за истиот. Во однос на наставната програма наставникот изготвува годишно, тематско и дневно планирање. Во конкретниотв случај ќе објасниме структурата на една наставна програма за предмет кој се реализира во основното образование. На насловната страница од програмата напишано е дека министерот за образование и наука врз основа на Законот за основно образование донесува наставна програма за (се пишува наставниот предмет и одделението) наставниот предмет и соодветното одделние каде се реализира тој наставен предмет. Потоа, следува насловот на наставната програма (соодветниот предмет), годината, месецот и местото каде е донесена наставната програма, кој ја има изготвено истата. Следува вовед во однос на наставната програма каде е објаснето во кое одделение се реализира наставниот предмет, со колку часа неделно и колкав е годишниот фонд на наставни часови за тој наставен предмет за одделениетео на кое таа се однесува. Исто така има и кратко објаснување во однос на реализацијата на наставната програма. Следуваат целите за развојниот период (на пример ако таа се однесува за наставен предмет од 7-мо одделение дадени се целите за третиот развоен период од 7-мо до 9-то одделение), а по нив следуваат целите за наставата за соодветното одделение. Потоа табеларно се прикажани програмските теми/подрачја и колку часа се предвидени за реализација на таа тема/подрачје, а за секоја тема/подрачје дадени се: конкретните цели кои треба да ги постигне ученикот, насловите на содржинините кои ги опфаќа темата/подрачјето, главните поими поврзани со дадената наставна содржина и активностите и методите кои ќе се применуваат во однос на наставните содржини за постигнување на наведените конкретни цели. По табеларниот дел во наставната програма следуваат дидактичките препораки во однос на реализацијата на наставната програма. Исто така дадена е и препорака колку часа би биле потребни од вкупниот фонд за реализација на секоја тема/подрачје посебно, како и потребните наставни средства неопходни за реализација на наставата. Во следниот дел од програмата дадено е оценувањето на постигнувањата на учениците и тоа: дијагностичко, формативно и сумативно оценување. По овој дел во наставната програма пропишани се просторните услови за реализација на наставата. Во наставната програма даден е и дел во кој е претставен норматив за наставен кадар кој може да го реализира конкретниот наставен предмет. Следува името на координаторот на комисијата која ја изготвила наставната програма и на крај решение и датум на донесување на наставната програма.

Критериуми за оценување

Критериумите за оценување на постигнувањата на учениците се темелат на стандардите за оценување и Блумовата таксономија. Откако наставникот ќе ги согледа постигањата на ученикот на секое од наведените нивоа според стандардите за наставниот предмет (за секоја тема/подрачје) ја утврдува оценката на ученикот. Критериумите даваат претстава колку треба да знае ученикот за двојка, тројка, четворка и петка во однос на нивоата познавање, разбирање, примана ,синтаза и евалвација. Оценка доволен два (2) се однесува на знаењата на ученикот на запомнување и репордуцирање, ученикот покажува одредени способности знаењето да го искаже со свои зборови и да го применува знаењето на наједноставни задачи. Оценката добар три (3) – се однесува на знаењата на ученикот, покрај тоа што се однесуваат на запомнување и репородуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини, ученикот покажува способност за примена на знаењата за решавање на едноставни задачи. Оценката многу добар четири (4) – се однесува на знаењата на ученикот на поцелосно запомнување и репородуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини. Исто така, ученикот покажува способност за примена на знаењата за решавање на задачи од познати и нови елементи, како и способност за средување и комбинирање елементи во нови целини. Оценка одличен пет (5) се однесува на знаењата на ученикот кои се над 90% од содржините од наставната програма на ниво на запомнување, репродуцирање, сфаќање и разбирање. Ученикот може да ги применува знаењата за решавање на задачи со познати и нови елементи. Исто така, ученикот може да средува, комбинира елементи во нови цели и да покажува способност за вреднување на оправданост или научност на некое тврдење или дело.

Стандарди

Стандардите претставуваат прифатени описи на нивоата на квалитет и квантитет на знаењата што се очекува учениците да ги постигнат на крајот на определен период (наставна година; наставен циклус) на образованието. Во основа, постигањата на учениците треба да се определени со секоја наставна програма по одделенија. Стандардите претставуваат конкретизирање и диференцирање на постигањата по нивоа. Токму ваквото конкретизирање и диференцирање на постигањата на учениците овозможува објективно и валидно гледање на нивните постигања и го олеснува нивното мерење, вреднување и оценување. Стандардите во наставните програми произлегуваат од претпоставените цели и конкретните цели на наставните програми дефинирани во компоненти на изучување на соодветниот предмет. Тие претставуваат основа на која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната примена претставува почитување, придржување и примена на принципите на поучување, примена на актуелните методолошки и методски решенија и упатства кои се научно издржани и проверени во изучувањето на соодетниот наставен предмет.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.