Students - Ученици

Кои ученици го попречуваат нормалниот тек на наставниот час?

Во однос на попречувањето на нормалниот тек на часот од страна на учениците, може да издвоиме неколку типа ученици.

  • Ученици кои не сакаат да работат и да се ангажираат
  • Хиперактивни ученици
  • Ученици кои намерно и смислено ја попречуваат наставата
  • Ученици кои не можат да ја следат работата

Ученици кои не сакаат да работат и да се ангажираат

За овие ученици карактеристично е:

  • незаинтересирано однесување;
  • не комуницираат со наставникот, општо се молчаливи;
  • одбиваат да пишуваат;
  • не може да се прилагодат и не се омилени помеѓу учениците;
  • на часовите само физички се присутни, а со мислите се на друго место;
  • знаат да изреагираат одеднаш и агресивно.

Профилот на ученик кој не сака да се ангажира:

  • паметен е;
  • нема самодоверба;
  • нема самопочит;
  • обично потекнува од проблематично семејство;
  • педагошки е запуштен;
  • има емоционални потешкотии;
  • емоционално е запуштен;
  • често е изложен на меѓуврсничко насилство (bulling);
  • подложен е на зависности;
  • подложен е на болести (главоболки, алергии, болки во стомакот итн.)

Хиперактивни ученици

Хиперактивните ученици исто така може да ги вброиме во ученици кои го попречуваат нормалниот тек на наставниот час. Овие ученици се одликуваат со:

  • континуиран немир,
  • пореметено внимание,
  • импулсивност.

За хиперактивни ученици може да ги окарактеризираме учениците кај кои споменатите симптоми траат повеќе од шест месеци. Важно е да се напомене за овие ученици дека нормалниот тек на часот тие не го попречуваат намерно.

Ученици кои намерно и смислено ја попречуваат наставата

Однесувањето на овој вид ученици се одликува со:

  • провоцирање на наставниците и соучениците вербално, со гестикулации и физички контакти;
  • во текот на предавањето дофрлуваат со цел да го попречат нормалниот тек на наставата, имаат намера да внесат забуна и немир со цел да го привлечат вниманието врз себе;
  • за време на конфликт, високо го дигаат гласот, се закануваат вербално и физички;
  • организираат и учествуваат во тепачки и го оштетуваат и кршат училиштниот мебел;
  • „добро“ котираат во паралелката/класот.

Профил на ученик кој намерно и смислено ја попречува наставата

  • паметен е;
  • социјално запоставен;
  • има потешкотии во многу нешта;
  • не е мотивиран;
  • подлежен е на разни зависности;
  • има голема самодоверба;
  • агресивен е.

Ученици кои не можат да ја следат работата

Овие ученици се карактеризираат со:

– намалени интелектуални способности;

– имаат когнитивни потешкотии;

– педагошки се запоставени;

– социјално се лишени од нормалните животни текови.

Профил на ученик кој не може да ја следи работата

  • овие ученици се мирни;
  • повлечени во себе, социјално не прифатени од околината;
  • со потешкотии следат и усвојуваат минимум од наставата;
  • на часот работат доколку им се даде работна задача, а ако не си играат игри кои ним им причинуваат задоволство;
  • во училиште сакаат да бидат физички ангажирани, на пример, да ја избришат училишната табла, да донесат креда за пишување, да му помагаат на училиштниот хаусмајстор итн.;
  • во училиште не се омилени и се изложени на меѓуврсничко насилство (bulling);
  • лесно може да биде заведен.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.