Teachers - Наставници

ОБРАЗОВАНИЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ НАСПРОТИ ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Денес сè повеќе станува збор за за професионален развој на наставниците. Професионалниот развој на наставниците не треба да се поистоветува со образованието на наставниците кое е карактеристично за нивното иницијално образование.

Во табелата што следи се претставени карактеристиките на двата модела, моделот на образование на наставниците и моделот на профеионален развој на наставниците

Образование на наставниците

 

Професионален развој на наставниците
Овој модел се темели на трансмисија, пренесување на знаењето. Учењето се разбира како начин преку кој се акумулира знаењето, фактите, а наставникот е клучниот посредник во преносот на тоа селектирано знаење. Овој модел се темели на концептот, искористување на стекнатото знаење. Знаењето се стекнува на тој начин што, оној кој учи, преку сопствени активности го применува стекнатото знаење. Оттука наставникот се третира како важен партнер во процесот на стекнување на знаење преку педагошко-теоретска настава, но и како практичар кој го креира начинот на спроведување на сопствените работни задачи и практично работење, лице кое врз база на претходно стекнато знаење создава ново знаење и искуства и ги нуди на своите ученици.
Обуката на наставниците е еднократна, усовршувањето се базира врз посета на еднодневни/еднократни обуки, каде наставникот добива информации со нови содржини за одредени аспекти поврзани со неговото работење. Обично ваквите обуки не се директно врзани со наставничката работа и практика и училиштето и неговите секојдневни активности. Профеионалниот развој на наставниците е базиран на разни обуки и претставува долгорочен и перманентен процес. Првата фаза започнува со неговото иницијално, односно факултетско образование. Усовршувањето на наставникот треба да се разбере како континуиран процес без изразени прегради помеѓу иницијалното образование и континураниот образовно усовршување на наставникот. Наставничкото усовршување треба да се разбере како континуиран процес кој во себе ги вклучува искуставата кои наставникот ги стекнал за време на своето формално факултетско образование и знаењето стекнато надвор од формалното факултетско образование.
Образованието и обуката на наставниците се одвива надвор од нивната природна средина на работење, училиштето/училницата, и не се многу поврзани со актуелните активности и искуства на работењето на наставникот во училницата. Ефективниот професионален развој на наставниците треба да се одвива во нивната природна средина на работење училиштето/училницата. Истиот треба да биде поврзан со секојдневните активности на наставникот и ученикот. На него во голема мерка влијаат знаењата и искуствата кои ги има стекнато наставникот во врска со неговото професионално работење.
Оценувањето на работата на наставникот се извршува повремено, преку посети на директорот или инспектори од ДПИ. Работата на наставникот треба континуирано да се следи, каде ќе доминира посета, поддршка и помош на советниците од БРО, со давање на повратна информација за нивните активности и работа. На тој начин ќе се зголеми мобилноста на наставникот во севкупното негово работење.
Инспекциско оценување на работењето на наставниците. Примена на различни методи на евалуација на работењето на наставникот. Првенствено наставникот за своето работење треба да биде вреднуван и повратната информација да ја добие од стручно лице, советник од БРО по соодветниот предмет. Информацијата ќе се темели на истакнувањето на неговите слаби и силни страни во работењето, односно заедничко надминување на слабостите, а истакнување и споделување на силните страни со останатите колеги. Добро е да има и честа меѓусебна евалуација на работата на наставниците по соодветниот предмет, каде ќе се детектираат добрите и лошите страни од работењето и врз база на тие активности ќе се донесат соодветни мерки за поуспешно работење во иднина.
Наставата не кореспондира со реалноста, односно практичната работа и примена на наученото. Теоретската настава е тесно поврзана со практичната работа и реалниот живот, односно со реалните потреби каде реално може да се практикува и применува стекнатото знаење.
Министерството за образование и наука реформите ги носи без консултација со претставниците од базата, односно наставниците. Од нив само се бара да се запознаат со понудените реформи и истите да ги спроведат, односно да ги реализираат во воспитно-образовната дејност. Значаен дел од реформите се спроведуваат преку консултации со наставниците врз база на дотогашното функционирање на воспитно-образовната дејност. Клучна улога во спроведувањето на реформите има мислењето на наставниците поврзано со нивното секојдневно работење, односно ефектите од функционалноста на актуелната концепција врз која се базира воспитно-образовниот процес во државата.
Во спроведувањето на воспитно-образовната дејност наставникот пренесува туѓи истражувања и теоретски сознанија. Успехот на професионалното работење на наставникот се состои во спроведувањето на рефлексија во однос на активностите кои тој ги спроведува. Сознанијата кои ги добива преку рефлексијата од своето работење му користат во унапредување на неговиот воспитно-образовниот процес преку нејзино менување, унапредување и прилагодување во однос на постоечките услови во кои тој работи.
На самиот наставник е оставено дали тој стручно ќе се усовршува, му се препорачува стручно да се усовршува, но ништо не го обврзува да го стори тоа. Доколку стручно се усовршува не се врши проверка колку стекнатото знаење го применува во воспитно-образовната дејност. Наставникот треба задолжително професионално да се усовршува. Неговото професионално усовршување е тесно поврзано со неговиот професионален развој. Наставникот е обврзан и не смее да го избегне професионалното усовршување, од причини што од него се очекува во воспитно-образовната дејност да внесува креативност и иновативност. Стекнатото знаење за време на професионалното усовршување се следи како го применува во воспитно-образовното работење.
Напредувањето на наставникот се состои во напуштање на неговото работно место наставник, и негова промоција во директор, помошник директор или пак некое друго работно место поврзано со браншата. Напредувањето се заснова во ненапуштање на неговото работно место, училницата. Тој напредува во својата бранша во звања. Наставник ментор, односно наставник советник. Истовремено неговото напредување, во зависност од неговото квалитетно работење, е пропратено со зголемување на неговите лични примања.
Во однос на работното време, наставникот истото го реализира во училница, плус времето потрошено за изготвување секојдневни планирања и наставни средства за реализација на часовите. Половина од работното време на наставникот е поврзано со реализација на наставата во училница, а другата половина се сведува на професионално усовршување, креирање иновативни методи и техники за реализација на воспитно-образовниот процес, запознавање со новините поврзани со неговата професија, размена на искуства со своите колеги, примање и давање менторска помош на колегите, зависно од материјата и потребите, реализација на проекти и сл.
Усовршувањето на наставниците е еднообразно, без да се води сметка врз реалните потреби на учениците на кои се предава. Професионалниот развој на наставниците не е еднообразен, тој се менува во однос на потребите на учениците. И се базира врз дотогашните постигнати резултати, новопројавениот интерес и потреби на учениците.
Образованието на наставниците го врши само една институција или пак истородни иституции. Пример, наставничките факултети. Професионалниот развој на наставниците покрај факултетите за наставници го вршат и други институции. На пример, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, Други институции (провајдери) чии интерес на делување е воспитно-образовната дејност, или работа со деца, владини експерти, независни експерти и др.
Работењето на наставникот се одвива одвоено, самостојно, без консултација дури и со колегите кои го предаваат истиот предмет. Наставникот самоиницијативно според пројавените потреби се консултира со останатите. Заедничкото, односно тимското работење на наставниците има многу предности во однос на индивидуалното работење. Професионалниот развој на наставниците има најголема ефикасност кога наставниците учат заедно споделувајќи ги меѓусебно своите искуства и предлози поврзани со професионалното работење. Наставничката работа не е нималку изолирана и во однос на соработката со училишниот менаџмент, училишната стручна служба, родителите и сл. Секако, наставничката професија има и простор кога е потребно наставникот да работи изолирано, самостојно.
Наставникот во голема мерка е изолиран во однос на настаните поврзани со локатната заедница. Наставникот се очекува да биде двигател во локалната заедница, во општественото живеење, од причина што тој преку учениците кои ги воспитува и образува е креатор на идното општествено живеење, како во локалната средина, така и во државата, односно на светско ниво.
Здружувањето на наставниците е организирано преку синдикатот, кој како главна и основна дејност има да се грижи за матријалната положба и личните примања на наставниците. Покрај здружувањето на наставниците во синдикат, потребно е тие да се здружуваат и во професионални наставнички организации чија цел ќе биде професионален развој на наставниците, организирање на најразлична професионална помош, грижа за наставникот, односно неговата положба и статус во општеството.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.