Educational instruments and tools - Образовни инструменти и алатки

ПРАШАЛНИК ЗА САМОВРЕДНУВАЊЕ НА НАСТАВНИКОТ

Проценете во која мера следните состојби и активности се присутни во вашата наставничка пракса (на крајот од секој исказ одредете го нивото кое сметате дека одговара за вас)

НИВО ЗНАЧЕЊЕ
1 Никогаш
2 Речиси никогаш
3 Речиси секогаш
4 Секогаш

Во однос на секое тврдење изберете едно од 4 наведени значења.

  • Ги познавам законите и прописите од областа на образованието.
  • Ги познава целите и принципите на современото образование.
  • Секоја година изготвувам планирања за предметот кој го предавам.
  • При изработка на планирањата разменувам искуства со колегите.
  • Имам оперативно планирање за секој час.
  • Во планирањето јасно ги потенцирам целите на часот.
  • Во оперативното планирање ги наведувам активностите на ученикот.
  • Во планирањата конкретно ми се потенцирани активностите на часот.
  • Активностите за часот ги планирам согласно потребите на учениците.
  • Активностите на часот ги планирам согласно интересите на учениците.
  • Активностите на часот ги планирам согласно возраста и развојните карактеристики на учениците.
  • Во реализацијата на целите користам активни методи и техники на учење.
  • Користам различни наставни методи и техники.
  • Користам различни облици на работа.
  • На почетокот од учебната година на учениците конкретно им објаснувам што ќе се изучува во однос на наставниот предмет кој ќе им го предавам.
  • Ги поттикнувам учениците самостојно да изнесуваат заклучоци.
  • Ги поттикнувам учениците слободно да го изнесат своето мислење, да поставуваат прашања и да даваат коментари.
  • Ги пофалувам учениците.
  • Се трудам кај учениците да поттикнам критичко мислење.
  • На часот се трудам да создадам атмосфера каде ученикот ќе стекне самодоверба и самопочит.
  • Настојувам секој ученик да добие задача согласно своите можности и способности.
  • Добро го познавам училиштниот и приватниот живот на учениците на кои им предавам.
  • self-evaluation-1
  • Се трудам секогаш да ги мотивирам учениците.
  • Знам како да воведам ред и дисциплина во паралелката.
  • На часот покрај учебникот користам и дополнителна литература.
  • Дел од наставните помагала ги изготвувам заедно со учениците.
  • Редовно користам дидактички материјал и нагледни средства.
  • Реализирам дополнителна и додатна настава.
  • Организирам воннаставни активности.
  • Сопствениот авторитет го градам врз основа на моите квалитети и стручни познавања, а не преку застрашување.
  • При оценувањето водам грижа за индивидуалниот напредок на ученикот.
  • Настојувам оценката да го отсликува знаењето на ученикот.
  • Редовно ги информирам учениците во однос на нивните постигнувања и напредувања. Оценувањето го користам за проценка на успешноста на учениците и сопствената работа, како и за поставување на насоки за идните активности.
  • Секојдневно го следам и вреднувам постигнувањето на учениците.
  • Јавно оценувам.
  • Оценката ја образложувам со факти и докази.
  • При оценувањето го сослушувам мислењето на ученикот во однос на постигнувањата.
  • Реализирам редовни контакти со родителите.
  • Обучен сум да применувам современи методи и форми на работа.
  • Активно учествувам во работењето на мојот актив на наставници.
  • Сакам професионално да се развивам.
  • Редовно присуствувам на сите активности поврзани со професионалниот развој на наставниците.
  • Редовно присуствувам на стручни семинари и обуки во и надвор од училиштето.
  • Во мојата работа воведувам иновации во работењето.
  • Реализатор сум на активности поврзани со професионалниот развој на наставниците.
  • Учествувам во донесувањето на важни одлуки на ниво на училиште.
  • Соработувам со педагошко-психолошката служба во училиштето.
  • Користам компјутер во работата.
  • Имам јасни цели и приоритети во однос на мојот професионален развој.
  • Задоволен сум со мојот однос кон учениците.
  • Задоволен сум со мојот однос кон колегите.
  • Задоволен сум со мојот однос кон училишната управа.
  • Задоволен сум со условите за работа во училиштето.
  • Задоволен сум со професијата која ја имам одбрано.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.