Students - Ученици

Дискалкулија – специфично нарушување на способноста за учење математиката

Дискалкулија е специфично нарушување на способноста за  учење на математиката и изведувањето на математичките операции.

Се работи за отстапувања кои предивикуваат сериозни потешкотии во совладување на математиката, без оглед на добриот степен на интелектуален развој, нормалното функционирање на сетилата и постоењето на оптимални услови за учење.

Тешкотии во усвојувањето на математичките знаења и математичкиот јазик, кои варираат од тешкотии во пишувањето на цифри и броеви до неможност за разбирање и усвојување на математичките поими и процеси.

При учењето на математика, децата со дискалкулија имаат проблеми во разбирање и именување на математички поими, операции и концепти; тешкотии при декодирање на текстуални задачи во математички симболи што е повразно со лингвистичките способности.

Од аспект на математичките способности овие деца имаат тешкотии во броење, извршување на прости математички операции и следењето на редот на операциите; учење на таблица за множење и делење.

Децата со дискаклкулија имаат и потешкотии поврзани со перцепцијата и вниманието што се манифестира преку тешкотии во препознавање и читање на математички симболи, неправилно препишување на броеви и симболи и тешко памтење на броеви.

Карактеристично за дискалкулијата е:

  • замена на еден број со друг,
  • повторување на еден број или операција повеќе пати,
  • гледање на броеви и знаци во “огледало“ (превртени),
  • успореност,
  • ставање на броевите во просторно несоодветна положба,
  • визуелни грешки (место знакот „ +“  ученикот гледа знак „- “)
  • процедурални грешки (се прескокнуваат чекори во постапката),
  • тешкотии во памтењето на низа броеви
  • неспособност за изведување на едноставни математички операции.( Ученикот ја разбира логиката на овие операции, но не може автоматски да се сети на фактите, па затоа до решение на задачата доаѓа по пат на броење. Тој не ги заборава броевите, туку шемите во кои треба да ги смести)
  • тешкотии во планирањето (ученикот не ја анализира задачата, туку веднаш почнува со решавање без да размисли што во задачата се бара и како треба да се решава, тешко сфаќа како се поврзани елементите во задачата и по кој редослед треба да се работи)
  • тешкотии со проверувањето на задачите.

Прилагодување-дискалкулија

Простор/ време

 

Материјал/ постапки

 

Обезбедете уреден простор на клупата

-Обезбедете  однапред повеќе време за извршување на задачата

 

-намалете ги грешките при препишувањето со тоа што ќе му овозможите веќе подготвен материјал

-комбинирајте броеви или симболи со зборови (+, плус) , (7, седум)

-употребувајте разни бои за да се означат одредени зборови, симболи, операции

-овозможете користење на прсти и манипулативи

-давајте детални упатства за работа

-давајте усмени упатства при што ќе внимавате на редоследот на елементите

 

Активности

 

-давајте помал број на задачи, распоредете – прво полесна задача, потоа потешка и на крајот повторно полесна,

-поделете ја активноста/задачата на повеќе фази

-поттикнувајте го ученикот да зборува за процесот на работа, да објаснува што прави

-охрабете го ученикот и упатете го прво да врши проценка, увид во барањето на задачата, пред да почне пресметува

-правете и упатете го ученикот да прави визуелни асоцијации за определени операции или симболи

-користете графички организатори (дијаграми, шеми, концептуални мапи, сликовно претставување на текстуалните задачи)

 

Обука: Зајакнување на капацитетите на училиштата за инклузивно образование

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.