Students - Ученици

ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

ДИЈАГНОСТИЧКО ПРОВЕРУВАЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ

На почетокот од учебната година наставникот врши проверување и оценување со цел да ја спознае состојбата, во функција на квалитетно планирање и реализирање на идните активности.

Дијагностичко проверување може да го реализира со примена на повеќе инструменти како што се:

  • дијагностички тестови;
  • усни прашања подготвени од страна на наставникот;
  • усни прашања подготвени од страна на учениците;
  • пишување кратки состави;
  • ученичко портфолио (собрани изработки, творби, искази , евидентни листови и сл.).

Портфолито на ученикот со прочистени и селектирани податоци продолжува во наредното, повисоко  одделение.

ФОРМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ

Во текот на наставата по соодветниот наставен предмет се реализира формативно оценување кое ќе овозможи формирање објактивни описни и бројчани записи како повратна информација за постигањата на учениците во определен временски период.

Формативното следење на постигањата на учениците наставникот може да го реализира со користење на повеќе методи за оценување:

  • разговори наставник\ученик
  • усни презентации
  • писмени вежби
  • тестови
  • домашни работи
  • портфолио.

Портфолиото во текот на целата година треба да им е достапно на родителите, бидејќи само така ќе можат да придонесат за поквалитетна настава по соодветниот наставен предмет.

Добиените резултати од следењето на постигањата на учениците овозможуваат креирање на планирани усни и пишани повратни информации кои во форма на описни и бројчани записи се наменети за учениците, родителите и за самите наставници.

МИКРОСУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ

На крајот од секое тримесечје , врз основа на сознанијата од формативното оценување, се реализира микросумативно оценување од чиишто резултати се оформуваат тримесечните описни или бројчани вреднувања за постигањата на учениците.

СУМАТИВНО ОЦЕНУВАЊЕ

Врз основа на целокупните податоци добиени од следењето, проверката на постигањата на учениците во текот на реализацијата на наставната програма наставникот ја констатира (опишува) развојната соотојба на на секој ученик поединечно, во рамките на секое  програмско подрачје/тема.

Од формираните сумативни описни и бројчани оценки фомулирани за секој ученик посебно раководејќи се од поставеноста на целите во текот на определени временски периоди, наставникот внесува и соодветни бројчани оценки.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.