Students - Ученици

ДИСЦИПЛИНА – ПРИЧИНИ ЗА УЧЕНИЧКАТА НЕПОСЛУШНОСТ

Причината и мотивот се главните двигатели за да ученикот се посвети на воспитно-образовниот процес или пак истиот да го игнорира. Од тие причини од голема важност е наставникот да им го олесни воспитно-образовниот процес на учениците за да тие поефикасно се посветат на учењето и доброто однесување во училиште.

Во текстот што следи ќе бидат наведени најчестите причини за појава на ученичката непослушност:

  • Континуиран умствен ангажман – Училишните активности се поврзани со континуиран умствен напор во совладувањето на наставниот материјал. Наставниците треба да водат сметка наставниот материјал да не се пренесува во голем опсег, во оваа насока неопходно е наставниците да се координираат во однос на материјалот кој го реализираат и материјалот кој го задаваат за учење. Ова подразбира во ист ден или во иста недела да не се реализираат преобемни наставни содржини по сите наставни предмети, а со самото тоа да не се дава преобен материјал за учење; по секој наставен предмет да не се дава домашна работа; во иста недела да нема повторување или тест за поголем број наставни предмети.
  • Неможност да се реализираат зададените активности – Како причина се наведува тешкиот наставен материјал и барањата кои произлегуваат од него, учениците не разбираат што од нив се бара да реализираат.
  • Досадата како причина за непослушност – Таа се јавува доколку активностите кои ги задава наставникот не се поттикнувачки и се предолги; доколку активностите не успеваат да го привлечат вниманието на учениците и доколку активностите кои им се задаваат се прелесни или претешки за нив, односно не се во согласност со нивниот интелектуален раст и развој (барањата се прениски или превисоки).
  • Недостаток на самодоверба – Кај учениците на кои им недостасува самодоверба се случува тој недостаток да го компезираат, односно да го затскриваат зад непослушност и несоодветно однесување манифестирано кон наставниците и нивните соученици.
  • Емоционални проблеми и нестабилност – Одредени ученици, често и не по своја вина, имаат емоционални проблеми предизвикани од училишните академски барања или пак проблеми кои произлегуваат и се поврзани со семејството. Ваквите ученици честопати сакаат да го привлечат вниманието преку манифестирање непослушност.
  • Негативен став – Одредени ученици воопшто не се грижат за успехот кој ќе го постигнат во училиште, па во таа насока кога има тежок наставен материјал за совладување или кога тој за нив не е интересен и поттикнувачки тие целосно се исклучуваат во однос на наставниот процес. Исто така некои ученици за да ја избегнат наставата доцнат на часови или пак се трудат на секој начин да се затскријат и да бидат што е можно поневидливи.
  • Навремено реагирање – Доколку ученикот почне несоодветно да се однесува во училиште уште веднаш треба да биде спречен во таа негова постапка од страна на наставникот. Доколку нема навремена реакција од страна на наставникот во сузбивање на непослушното однесување на ученикот, несакајќи се поттикнуваат останатите ученици несоодветно да се однесуваат, постои опасност непослушноста да продолжи и да стане позачестена.
  • Дружба – Дружбата помеѓу учениците во училиште е позитивна и посакувана појава. Таа се манифестира со меѓусебна помош, создвање пријателства кои траат цел живот. Често дружбата и разговорите знаат да продолжат и за време на часовите и на тој начин негативно да влијаат врз нормалниот тек на наставата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.