Teachers - Наставници

СТРЕС – СИМПТОМИ – НАСТАВНИЦИ

Денес една од најзачестените теми за разговор општо помеѓу луѓето, а со самото тоа и меѓу наставниците е стресот. Симптомите на стресот може да бидат:

  • Емоционални
  • Во однесувањето
  • Когнитивни (поврзани со мислењето)
  • Телесни реакции

Симптомите на стрес поврзани со емоционалноста се:

  • Неаздоволство (Чувство на лошо расположение и тага).
  • Анксиозност (Чувство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост).
  • Апатија (Психичка состојба без манифестација на афекти, се карактеризира со незаинтересираност).
  • Раздразливост (Терминот се користи за физиолошки реакции и за патолошка, абнормална или изнемоштена чувствителност на побуди).
  • Умор (Минливо, психофизичко чувство на слабо функционирање на организмот што е последица на долг и напорен вложен труд).
  • Депресија (Состојба на нерасположение и аверзија кон активност која може да влијае врз мислите, однесувањето и чувствата).
  • Осаменост (Чувство кое секој човек го искусил барем повремено поради некое нарушување на животниот ритам. Осамената личност може да чувствува беспомошност, страв, самозажалување, досада).

Симптомите на стрес поврзани со однесувањето се:

  • Склоност кон размислувања поврзани со несреќа.
  • Употреба на алхохол, пушење, лекови.
  • Пореметувања поврзани со апетитот.
  • Несоница, проблеми поврзани со спиењето.
  • Манифестација на брзо зборување.
  • Склоност кон расправија.

Симптомите на стрес поврзани со (когнитивноста, мислењето) се:

  • Неспособност за носење издржани и правилни одлуки.
  • Избрзано носење одлуки.
  • Манифестирање на слаба концентрација.
  • Преосетливост и неразумно реагирање на критики.
  • Ментални блокажи.
  • Нагласено заборавање.

Симптомите на стрес поврзани со (телесни реакции) се:

  • Зголемен крвен притисок.
  • Дигестивни проблеми.
  • Осип на кожата како резултат на алергии и инфекции.
  • Напнатост во стомакот, грчеви.
  • Потење на дланките.
  • Ладни раце, слаба циркулација.
  • Плитко дишење преку кратки интервали.
  • Забрзано биење на срцето.
  • Изразени главоболки.

Како последица на стресот се јавуваат многу болести:

  • Кардиоваскуларни болести.
  • Болести поврзани со имунолошкиот систем.
  • Астма.
  • Дијабетес.
  • Дигестивни нарушувања.
  • Чир на желудник.
  • Кожни болести – псоријаза.
  • Главоболки – мигрена
  • Депресија.

Карактеристики на наставниците кои се склони на стрес:

  • Не можат да го раздвојат битното од небитното.
  • Песимистички се расположени.
  • Перфекционисти се.
  • Имаат ниска толеранција на фрустрација.
  • Имаат негативен став кон останатите.
  • Не ја гледаат смислата на животот.
  • Се обвинуваат себеси за работи кои не се под нивна контрола.
  • Немаат смисла за хумор.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.