Parents - Родители

ПОРАКА ДО РОДИТЕЛИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Почитувани родители, она што со вашите постапки секојдневно им го порачувате на вашите деца премногу е важно, тоа им помага да се снајдат низ животните лавиринти; им помагате правилно да можат да го разграничат доброто од лошото и да го пронајдат правилниот животен пат.

  • Најголемо влијание во однос на постигањата на ученикот е поддршката која тој ја има дома, пред сè од родителите. Кога наставникот и родителот со заеднички вложен труд го подржуваат учењето, учениците покажуваат подобри резултати во училиште.
  • Доколку родителот сака неговото дете да биде успешен ученик, тој редовно треба да се интересира за неговиот напредок, а тоа, меѓу другото подразбир, редовно присуство на родителските состаноци и индивидуални посети и разговор со одделенскиот раководител.
  • Интересирајте се за напредокот на вашето дете преку разговори кои нема да бидат само со одделенскиот раководител туку и со другите наставници кои му предаваат.
  • Со наставниците воспоставите партнерски однос и соработувајте за севкупен добробит на вашето дете.
  • Без разлика што мислите за училиштето во кое учи вашето дете и за наставниците кои му предаваат, трудете се никогаш да не изнесувате негативни ставови. Трудете се никогаш да не ги критикувате и омаловажувате наставниците пред вашето дете. На таков начин директно влијаете на однесувањето и размислувањето на вашетот дете и неговото градење негативни ставови во однос на училиштето и кон наставниците. Имајте предвид дека дека покрај вас наставниците на вашите деца им се личен пример и авторитет. Исто така имајте предвид дека в училиште каде вашето дете поминува половина од денот наставниците покрај што се реализатори на наставата, тие в училиште се ваша замена, тие се грижат за безбедноста на вашите деца.
  • Во однос на вашето дете бидете реални согласно неговите можности и неговите интереси. Немојте никогаш преку него да ги остварувате вашите неостварени соништа.
  • Допуштете му на вашето дете да добие и лоша оценка, да почувствува дека во животот не е сè толку едноставно. Но, потоа помогнете му лошата оценка да ја поправи со реален вложен труд и залагање.
  • Поучувајте го вашето дете дека в училиште секојдневно треба да се однесува пристојно и толерантно и тоа не само кон наставниците, туку кон сите вработени во него, почнувајќи од директорот па завршувајќи до хигиеничарот. Исто така поучете го вашето дете дека треба пристојно и толерантно да се однесува и кон неговите другари во училиштето.
  • Помагајте му во реализацијата на домашните задолженија, не мора секогаш за во училиште да има точно напишани, решени и направени домашни задолженија, конечното решение нека произлезе од вашето дете за да може наставникот кога ќе го прегледа домашното задолжение да утврди до каде реално напреднал ученикот, односно вашето дете.
  • На вашето дете обезбедете му посебна соба или пак посебно катче каде тоа ќе се посвети на решавање на училишните задолженија. Потрудете се да му создадете навики кон задолженијата да има сериозен и навремен пристап.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.