Parents - Родители

10 НАЧИНИ ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

Соработката на наставниците и училиштето е многу значајна затоа што помага во јакнењето и градењето на добри партнерски односи. Постојат различни начини на соработка, како позначајни ќе ги истакнеме:

  1. Индивидуални разговори со родителите
  2. Родиелски состаноци на одделението
  3. Состанок на мали групи родители
  4. Заеднички состаноци на родителите, наставниците и учениците
  5. Советување на родителите, предавања, трибини
  6. Посета на родителите на училиштето и запознавање со истото
  7. Заеднички активности и проекти
  8. Програма за оспособување на родителите (училиште за родители)
  9. Информирање на родителите
  10. Посета на наставниците во домовите на учениците

 

  1. Индивидуални разговори со родителите

На овие состаноци:

– Запознајте ги ставовите и размислувањата на родителите поврзани со воспитанието и образованието на нивните деца.

– Соберете информации за развојот и животот на ученикот во семејството.

– Запознајте се со начините на поттикнување и работа со учениците во семејни услови.

– Информирајте ги родителите со вашите запазувања во однос на однесувањето на детето, неговите резултати и постигнувања од работата и однесувањето во училиште.

– Запознајте ги родителите со можностите за примена на постапки за развој на детето преку поттикнување, осамостојување, создавање и развивање.

– Запознавање со усогласеноста во однос на постигнувањата и постапките.

– Разговори за примена на соодветни постапки во семејното воспитување.

  1. Родиелски состаноци на одделението

Овие состаноци се групни и се организираат повеќепати во текот на една учебна година.

  • Во однос на организацијата на состанокот треба да се одреди време и тема.
  • Во однос на повикувањето, односно информирањето на родителите за состанок треба да се одреди дали тоа ќе биде писмено (со покана), телефонски или усно преку нивното дете.
  • Во однос на темата и изборот на оние кои ќе го реализираат состанокот, се избираат актуелни теми поврзани со училиштниот живот, а рализатори на состанокот може да бидат одделенскиот раководител, други наставници, директорот, претставници од стручната служба итн.
  • Педагошки работилници на кои родителите преку забавен и поучен начин ќе бидат запознати за воспитно-образовниот живот во училиштето.
  1. Состанок на мали групи родители

Овие состаноци подразбираат:

  • Групи родители на ученици од една или повеќе паралелки.
  • Основно начело за состанување и работа на овие групи треба да е: доброволната основа.
  • Состаноците се организираат периодично.
  • За успешно функционирање на овие мали групи на родители потребна е добра соработка на истите со сите наставници, раководната и стручната служба во училиштето.

COOPERATION

  1. Заеднички состаноци на родителите, наставниците и учениците

Овие состаноци обично се реализираат:

  • На почетокот и на крајот на одреден образовне период.
  • Кога се работи за тема која ги засега сите страни и чинители на воспитно образовниот процес (наставници, родители и ученици).
  • Корисни се како подготовка на некои важни претстојни активности, на пример екскурзија.
  • Кога се реализираат тематски состаноци (Каде по завршувањето на основното образование?!).
  1. Советување на родителите, предавања, трибини
  • Правилно насочување на родителите за консултации со релевантни стручни служби во училиштето и надвор од него.
  • Информирање и правилно насочување на родителите за можни советувања поврзани со воспитанието и образованието во организација на училиштето, општината, образовни институции кои работат под капата на Министерството за образование и наука, советувања во организација на невладини организации.
  1. Посета на родителите на училиштето и запознавање со истото

Родителите треба да го познаваат училиштето и условите каде учат нивните деца, а тоа подразбира:

  • Родителите да ги познаваат просториите каде нивните деца секојдневно поминуваат поливина од денот.
  • Изнаоѓање прифатливи и интересни форми на соработка на родителите и училиштето.
  • Посета на училиштео по повод патрон празник и други јавни манифестации организирани од страна на училиштето.
  1. Заеднички активности и проекти

Добра соработка помеѓу родителите и наставниците се остварува и преку планирање и реализирање на заеднички активности. Планирањето и реализирањето на заедничките активности со цел нивно зближување може да се манифестира преку: работилници, уредување на училиштниот двор и училишните простории, организирање на разни приредби и свечености, предавања организирани во училиштето, заеднички излети итн.).

  1. Програма за оспособување на родителите (училиште за родители)

– Постоење на осмислени програми.

– Можност за осмислување, креирање и реализирање осмислени програми.

– Елементите да се вградат во работењето на родителските состаноци или состаноците на малите групи родители.

– Организирано на ниво на цело училиште.

PARENTS

  1. Информирање на родителите

Информирањето на родителите може да биде во усна или пишана форма.

  • Усното информирање е непосредно или преку учениците.
  • Писмениот материјал се манифестира преку: покани, известувања во врска со напредокот на учениците, информации за активностите на училиштето, летоци и брошури од образовен карактер.
  1. Посета на наставниците во домовите на учениците

Посетата на домовите на учениците не е толку честа појава. Истата може да се реализира во исклучителни случаи, посебно кога станува збор за согледување на условите за живот на ученици кои припаѓаат на маргинилизираните и социјално загрозените групи ученици.

– Посетите најчесто се реализираат од страна на одделенските раководители.

– Пред посетата потребна е подготовка и јасно дефинирани цели на посетата.

– Посетата реализирана од претставник или претставници од училиштето во домот на ученикот испраќа јасна порака на родителите и ученикот дека тие се нивни цврсти соработници и пријатели.

 

Главната задача во соработката со родителите е усогласување на воспитното и образовното делување со цел најдобар раст и развој на ученикот.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.