Students - Ученици

ДЕТЕТО НЕ Е РИЗИК – ФАКТОРИ НА РИЗИК

Детето само по себе не е и не може да биде ризик, тоа само живее во такви услови кои ги создале возрасните. Со сигурност може да кажеме дека не постојат „лоши деца“, тие се жртва на лошите родителски постапки и лошата комуникација на возрасните со нив. Од тие причини многу е важно наставникот да ја познава развојната психологија на детето. Не треба неосновано да се обвинуваат децата за нивните постапки, нивните постапки се само одлика на возрасните од нивното опкружување.

Фактори на ризик:

  • Перинатален стрес
  • Сиромаштија
  • Занемарување и запуштање
  • Злоставување и злоупотреба
  • Живот во семејство во кое владеат нарушени односи
  • Бројни етапи на постепено раслојување и распаѓање на семејството
  • Отсуство на еден или двајцата родители
  • Непознавање на родителот
  • Смрт на еден или двајцата родители

Последици поврзани со ризикот, а кои може да се видат во училницата се:

  • Повлекување во себе, изразена или затскриена автоагресивност
  • Емоционална нестабилност
  • Депересивнот, проблеми со концентрацијата
  • Училишен неуспех
  • Неоправдано отсуство од настава
  • Користење психотропни средства
  • Напуштање на сопствениот дом

Од претходно кажаното може да заклучиме дека ризикот е очигледен, но не се наоѓа во детето. Тој се наоѓа во неповолни, ризични чинители кои возрасните не успеале да ги елиминираат или барем да ги стават под контрола. Таквите ризици, односно пореметувања во однесувањето се евидентни бидејќи детето во нив се наоѓало предолго и не можело без манифестирање на одредени реакции да ги поднесе, односно надмине. Доколку ние како возрасни не можеме да ги препознаеме таквите „различни“ и „неразумни“ однесувања – детето нема да може нормално да функционира. Доколку ја изневериме довербата на детето и не се потрудиме да ги отстраниме факторите на ризик, несаканите однесувања на детето ќе станат секојдневие и ќе прогресираат во несакана насока. Ако не успееме да му веруваме на детето, нема да се обидеме да ги отстраниме факторите на ризик. Често возрасните не разбираат дека детето со таквото негово несоодветно однесување станува дел и се вклопува во околината и семејството кои продуцираат ризик за детето.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.