Teachers - Наставници

Индивидуализирана настава

Индивидуализираната настава претставува дидактичко организирање на воспитно-образовниот процес во кој наставните барања се усогласуваат со индивидуалните способности и карактеристики на ученикот. Индивидуализираната настава ги поврзува индивидуалните и колективните интереси, а како исход од неа треба да произлезе социјализацијата на ученикот, ангажирајќи го согласно неговите способности, тежнејќи тој да стане смостојна индивидуа која ќе преземе иницијатива за подобрување на работата на целата група каде тој делува. Индивидуализираната настава ја развива активноста, самостојноста и креативноста на ученикот. Индивидуализираната настава претставува постапка која наспроти формалната настава му дозволува на секој ученик во одреден временски период или временска рамка одредена од наставникот, тој индивидуално да реализира работни задачи кои сам ги одбрал, а кои одговараат на неговите можности и интереси.

Во однос на индивидуализираната настава ученикот бира одредени теми од наставната програма согласно неговите интереси. Како индивидуални разлики меѓу учениците може да се посочат:

  • општи и специјални способности на учениците;
  • склоности и интереси;
  • различни потреби;
  • различни индивидуални искуства;
  • ниво на претходни знаења;
  • темпо на индивидуално напредување;
  • особености поврзани со памтењето;
  • начин на реагирање;
  • стилови на учење;
  • разлики поврзани со физичкиот развој;
  • разлики во однос на менталните способности;
  • разлики во однос на покажаните знаења.

Индивидуалното планирање на наставата претставува облик на индивидуализација на наставниот процес кој се заснова на изготвување програма за учење за секој ученик согласно неговите претходно утврдени потреби.

Одредници според кои се планира наставата се:

  • знаење на ученикот;
  • работни навики;
  • интересирања и потреби;
  • способности на учениците;
  • околности и услови во кои работат учениците.

Во однос на индивидуализираната настава како главни карактеристики ќе ги спомнеме:

  • јасно дефинирани цели и задачи;
  • прецизно изготвени задачи за секој ученик (точно се знае што треба ученикот да научи за да стекне одредено ниво на знаење; задачите се групирани согласно степенот на напредување на ученикот);
  • самостојна работа на ученикот (ученикот самостојно работи: планира, истражува, споредува, открива, носи заклучоци);
  • во сите овие активности на ученикот улогата на наставникот е да дава напатствија.

Во однос на индивидуализираната настава има одредени критериуми за изготвување задачи за реализирање на овој вид настава, и тоа:

  • задачите со својата тежина мора да се прилагодени на ученикот за кого се наменети;
  • тие треба са се изготвени посебно за секој поединец;
  • треба да се прилагодени спрема специфичните способности на одредениот ученик;
  • задачите треба да се изготвени на тој начин да може секој ученик (за кого се тие составени) самостојно да ги реализира;
  • формулацијата на задачите мора да биде јасна и прецизна;
  • задачите треба да се изготвени од страна на наставник кој добро ги познава индивидуалните карактеристики на секој ученик.

Како дидактички вредности и предности на индивидуализираната настава ќе ги наведеме:

  • развивање способност за самостојна работа и критичко согледување на личните работни способности;
  • примена на сложени облици на интелектуална работа;
  • стимулирање на ученикот да работи согласно личното темпо, да планира задачи за работа заради постигнување на претходно поставените цели на учење;
  • поттикнување на самостојното работење;
  • овозможување различни приоди во однос на наставниот процес, различен избор на наставен материјал кој најмногу му одговара на ученикот;
  • дава навремена повратна информација во текот на напредувањето што ја стимулира и поттикнува нивната понатамошна работа и напредок;
  • го поттикнува ученикот на самостојна истражувачка работа и креативност.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.