Teachers - Наставници

Описно оценување

Основите поврзани со описното оценување првенствено треба да бидат насочени кон откривање на она што учениците можат и знаат да направат, а потоа кон она што тие не знаат и не можат да направат.

Главните елементи поврзани со описното оценување кои треба да ги знае наставникот се:

  • Реализација на образовните цели кои се дефинирани во наставната програма за соодветниот наставен предмет.
  • Утврдување дали ученикот успеал да ги усвои целите и наставните содржини од наставната програма (тука при изнесувањето на описот се користат глаголите од Блумовата таксономија кои одговараат за соодветното ниво, а кои се во согласност со пропишаните критериуми и стандарди за оценување).
  • Во што е ученикот успешен, а во што е помалку успешен.
  • Откривање на јаките и слабите страни на ученикот.
  • Детектирање на слабите страни на ученикот и каде тој треба да се поттикне и да му се помогне, и откривање на силните страни кои треба да ги одржува и надоградува.
  • Да се утврди дали ученикот има одредени потешкотии во учењето и да се утврди на што се должат тие потешкотии, односно во кои подрачја се евидентни тие потешкотии (изговор, отсуство на внимание, неможност за изнесување на заклучоци, логопедски проблеми, анализа, синтеза, разбирање итн.)
  • Континуирано следење на ученикот во текот на целата учебна година во однос на неговото напредување.
  • Изнаоѓање конструктивни и ефективни препораки за надминување на детектираните потешкотии.
  • Колку ученикот е самостоен во неговата работа и ангажман (не е самостоен, за мала потешкотија бара помош, делумно е самостоен, самостојно работи)?
  • Во кој степен успева да го задржи и насочи вниманието кон содржините кои се предмет на реализација.
  • Каков е односот на ученикот со останатите ученици во паралелката (недружељубив, ученикот е повлечен, комуникативен е, има пријателски однос)?

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.