Students - Ученици

АПЕЛ ОД ДЕЦАТА УПАТЕН ДО РОДИТЕЛИТЕ

  • Немојте да ме разгалите. Јас многу добро знам дека не можам да имам сè што ќе посакам. Јас вас само ве тестирам.
  • Не се плашете да бидете строги. Тоа ми се допаѓа: Ми покажува каде ми е местото.
  • Немојте со мене сè на сила. Така ме учите дека со сила сè може да се оствари.
  • Немојте да сте недоследни. Тоа ме збунува и ме тера да побегнам од секаква обврска.
  • Немојте да ветувате. Можеби нема да бидете во можност да го реализирате ветувањето па на тој начин може да ја загубам довербата во вас.
  • Не верувајте на моите провокации кога зборувам и правам работи преку кои ве растажувам.
  • Немојте премногу да ми верувате кога велам дека ве мразам. Не го мислам тоа сериозно, но сакам да ви биде жал за она што го имате направено.
  • Немојте да дозволите да се чувствувам уште помал отколку што сум. Заради тоа ќе глумам дека сум голем „газда“.
  • Немојте наместо мене да работите нешта кои можам сам да ги извршам. На тој начин правите да се чувствувам како „стара баба“. Заради овие ваши постапки можам да ве доживувам како слуги.
  • Немојте да се насочувате само на моите лоши навики. Затоа што ме охрабрувате да продолжам на тој начин.
  • Немојте да ме критикувате пред други. Ќе бидам многу повнимателен доколку со мене разговарате тивко и насамо.
  • Немојте за моето однесување да дискутирате за време на расправата. Не знам зошто тогаш слабо ве слушам, а во тој момент и не сум склон кон соработка. Во ред е да се преземат неопходните мерки, но дикусијата оставете ја за покасно.
  • Немојте да предизвикувате да имам чувство дека моите грешки всушност се грешки: морам да научам да грешам, а притоа да не се чувствувам како лош човек.
  • Немојте постојано да приговарате. Ако тоа постојано го правите ќе почнам да се преправам дека сум глув. Немојте да барате објаснување за моето однесување. Верувајте, понекогаш и самиот не знам зошто нешто сум направил.
  • Не ја преценувајте мојата искреност. Лесно може да ме заплашите па да почнам да лажам.
  • Не заборавајте дека сакам да експериментирам. На тој начин јас учам, па затоа ве молам да бидете трпеливи. Не ме одбивајте кога барам одговор на нормални прашања. Доколку ме одбиете, ќе видите дека можам да престанам да ве прашувам, а одговорите ќе почнам да ги барам на други места.
  • Немојте да ме штитите од последиците. Бидејќи морам да учам од искуствата.
  • Не ми обрнувајте премногу внимание кога сум полесно болен. Можно е да почнам да уживам во лошото здравје, ако тоа ми носи преголемо внимани упатено кон мене.
  • Немојте да одговарате на смешни и безсмислени прашања. Доколку ме одбиете, ќе видите дека само сакам да се занимавам со себеси.
  • Немојте да ми зборувате дека сте идеални и безгрешни. Со таква личност тешко е да се живее. Не грижете се што сме малку заедно, важно е како е додека сме заедно.
  • Немојте да дозволите моите стравови да бидат ваша вознемиреност. На тој начин уште повеќе ќе се плашам. Покажете ми дека сте храбри.
  • Не заборавајте дека не можам да растам без ваше разбирање и поддршка; заслужените пофалби понекогаш изостануваат но прекорот никогаш.
  • Однесувајте се кон мене како кон пријател, па така и јас ќе бидам ваш пријател. Запомнете: повеќе учам од примери отколку од критики.
  • И покрај сè многу ве сакам, сакајте ме и вие мене…

Извор: Проект „Health education SAD – Здравствено образование САД“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.