Students - Ученици

НАСОКИ – КОЈ УЧЕНИК ЌЕ ДОБИЕ ОДЛИЧЕН 5?!

Во однос на оценувањето важни се критериумите за оценување, тие пропишуваат колку знаење и од кое ниво треба да покаже ученикот за да добие одредена оценка. Критериумите за оценување на успехот на учениците се темелат врз: видот и обемот на знаење, како и умеења и вештини во однос на пропишаниот наставен програм за соодветниот наставен предмет. Нивото на знаење, умеење и примена на стекнатите вештини се утврдува зависно од квалитетот на усвоените наставни содржини: сложеност на усвоените знаења, умеења и вештини; степенот на разбирање на усвоените наставни содржини и способноста за нивна примена.

Критериумите кои ќе ги користи наставникот треба:

  • да ги има претходно поставено,
  • да се јасно дефинирани,
  • да се транспарентни,
  • да се изедначени,
  • да бидат практично применливи.

Во однос на одредувањето на критериумите за оценување, треба да се одредат и извесни елементи за оценување поврзани со знаењата, способностите и вештините на учениците.

На пример, за усно изразување:

  • Јасност при изразувањето
  • Сигурност во говорењето
  • Изразена артикулација
  • Умешно користење на знаењето
  • Аргументирање

На пример, за писмено изразување:

  • Оргиналност на поставената теза
  • Аргументација
  • Структура
  • Личен став
  • Правопис и граматика

Да се вратиме на насловот „Кој ученик ќе добие одличен 5“? Одличен 5 ќе добие оној ученик кој во целост ги усвоил основните, проширените и продлабочените знаења, умеења и вештини согласно наставната програма за соодветниот предмет; ученикот чии знаења, умеења и вештини се на ниво на самостојна примена во сродни и нови околности од контекстот за кој тие се усвоени. Одличен 5 ќе добие ученикот кој:

  • Може да ги воочи битните работи
  • Лесно може да го одвои поединечното и посебното заради генерализирање
  • Логично ги поврзаува фактите и поимите
  • Самостојно носи заклучоци врз основа на дадени податоци
  • Критички расудува
  • При решавањето на проблеми користи создавачко размислување
  • Поседува богат речник и лесно и содржајно писмено и усно се изразува
  • Лесно и брзо ги применува новостекнатите знаења
  • Поседува креативност
  • Покажува соодветен интерес и самоиницијатива за проширување на стекнатите знаења преку дополнително самообразување

При оценувањето (кој ученик ќе добие одличен пет) задолжително треба да се користат критериумите пропишани од страна на Бирото за развој на образованието http://bro.gov.mk/docs/kriteriumi/Kriteriumi_za_ocenuvanje.pdf

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.