Students - Ученици

Ефикасен метод на учење (4ПСП – во 6 чекори)

1 Чекор, ПРЕГЛЕДАЈ – Првично, целиот материјал кој треба да се научи се разлистува. Се поставуваат првични цели, да се утврди за што се работи во наставниот материјал, се прегледуваат насловите на наставните содржини, поднасловите, цртежите и шемите и она што пишува за нив.

2 Чекор, ПРАШАЈ – Се поставуваат прашања поврзани со наставниот материјал. Сите наслови и поднаслови на наставните содржини се претвораат во прашања. Во однос на поставените прашања се бараат одговори во текстот на наставните содржини.

3 Чекор, ПРОЧИТАЈ – Се чита текстот на наставните содржини и при читањето се бараат главните, најбитните мисли и податоци. Она што ќе се најде и се смета за важно се подвлекува и запишува. За да се најдат главните поенти во текстот истиот треба да се прочита повеќепати.

4 Чекор, ПОМИСЛИ – При читањето треба да се размислува што за тоа веќе знаеме, да се сетиме на примери за она што го читаме, по што е тоа слично и по што тоа се разликува. Добро е при читањето да се користи техника на создавање слики во главата во врска со она што се чита.

5 Чекор, СУБЛИМИРАЈ И НАГЛАС ПОВТОРИ ЈА СОДРЖИНАТА – Ученикот треба да ја затвори книгата. Нека се преслуша за да утврди што запомнил од претходните чекори. Да утврди дали може да одговори на прашањата кои си ги има поставено. Доколку не може да одговори на истите, тоа значи дека се нема доволно фокусирано на наставниот материјал и истиот го нема добро разбрано. Од тие причини ученикот треба да го повтори 3 и 4 чекор. Прашањата кои ги поставува треба гласно да си ги одговори, а потоа да провери што во однос на дадените одговори пишува во изворот од кој учи ученикот, што тука е најважно. Кога на ученикот ќе му стане потполно јасно што треба да знае во однос на наставниот материјал и кога ќе биде сигурен дека самостојно, со сопствени зборови може да прераскаже што прочитал, треба да направи концепт со главни мисли. Истата постапка треба да ја направи и во однос на другата целина од наставната содржина која ја учи.

6 Чекор ПОВТОРИ СÈ НАГЛАС – Ученикот треба да го повтори она што го учи: содржината, главните мисли и податоци, да ги најде примерите и да ги поврзе со она што го знае од претходно. Тоа треба да го прави со затворена книга. Доколку при оваа постапка ученикот има потешкотии треба да ја отвори книгата од која учи и да ги повтори 3, 4 и 5 чекор.

Учењето е завршено кога ученикот ќе може без гледање во книга поврзано да го повтори она што го има учено. Кога тоа ќе го постигне потребно е уште два-три пати да го повтори она што го има учено без гледање во книга. Дури тогаш може да бидеме сигурни дека ученикот го научил наставниот материјал и дека истиот го има запомнето.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.