Management staff - Раководен кадар

ШТО СЛЕДАТ ДИРЕКТОРОТ И ПЕДАГОГОТ ВО РАБОТАТА НА НАСТАВНИКОТ И УЧЕНИКОТ?!

Во овој текст се претставени подрачјата поврзани со наставниот процес и она што треба да следат директорот и педагогот во однос на нив.

  1. Планирање и подготовка на наставата
  2. Организација и дисциплина во паралелката
  3. Стил на предавање манифестиран од наставникот
  4. Однос на наставникот кон учениците
  5. Ниво и квалитет на знаење манифестирани од учениците
  6. Трајност на усвоеното знаење

 

  1. Планирање и подготовка на наставата
  • Дали планирањата на наставникот имаат меѓусебна поврзаност и континуитет?
  • Дали наставникот при подготвувањето на наставниот процес посветува доволно внимание на различните нивоа и способности на учениците за усвојување на наставните содржини?
  • Во каква релација се усвоените содржини со планираните активности?
  • Кои активности, извори за учење, форми, методи и техники на работа ги планира наставникот за да ги реализира предвидените цели?
  • Како го планира наставникот своето учество во однос на активностите и ангажманот при реализацијата на наставниот процес?
  • Како наставникот ги планирал условите во училницата за реализација на успешен наставен процес?
  1. Организација и дисциплина во паралелката
  • Како е планирана наставата во однос на различните форми на работа (индивидуална, тандемска и групна)?
  • На кој начин наставникот ги поттикнува учениците?
  • Како наставникот ја предава наставната содржина и како учениците ги користат различните извори на знаење?
  • Какво е учеството на учениците во однос на активностите и усвојувањето на наставните содржини?
  • Кои форми на работа доминираат во предавањето на наставникот?
  • Каква е работната дисциплина во училницата и меѓусебната соработка на релација наставник-ученик и ученик-ученик?
  1. Стил на предавање манифестиран од наставникот
  • Како наставникот ги избира формите на работа и дали се тие усогласени со потребите и развојните карактеристики на учениците?
  • Колку е застапена креативноста и истражувачките активности во работата на наставникот?
  • Колку наставникот успешно ги оспособува учениците за меѓусебна соработка и работа во мали групи?
  • Дали користи стручна литература и друга дополнителна литература во реализацијата на наставата?
  • Како ги поттикнува учениците ефикасно да ги разбираат и бележат новите знаења и како го проверува нивото на стекнато знање на учениците?
  • Како се справува со учениците кои имаат повисоки барања во однос на наставата и како ги поттикнува и ангажира во однос на наставните активности?
  1. Однос на наставникот кон учениците
  • Како наставникот одговара на индивидуалните потреби на учениците?
  • Како комуницираат наставникот и ученикот?
  • Како наставникот ја контролира целата паралелка, групите и учениците како индивидуи?
  • Како учениците реагираат на упатставата и барањата на наставникот?
  • На кој начин наставникот разговара со учениците и за учениците?
  1. Ниво и квалитет на знаење манифестирани од учениците
  • Анализа на усните и писмените одговори преку кои може да се прочитаат учениците емоционално, практично и физички.
  • Следење на тимската работа во која има повратни информации и меѓусебна размена на стекнатите знаења.
  • Критичкиот став на наставникот при вреднување на постигнувањата на учениците.
  • Следењето на ученикот во однос на неговата самостојна работа.
  • Напредокот кој го манифестираат учениците треба да биде мерлив согласно пропишани критериуми и стандарди.
  • Дали наставникот им дава доволно време за работа и доволно време да размислат во однос на поставеното барање?
  1. Трајност на усвоеното знаење
  • Мерливост на широчината и репродукцијата на усвоеното знаење.
  • Начин на кој учениците ја планираат својата иднина.
  • Начинот на работа кој го користи наставникот за да создаде профил на успешен ученик со големи знаења.
  • Како учениците се однесуваат кон целите кои се дадени во наставната програма.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.