Teachers - Наставници

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА БИДЕТЕ НАСТАВНИК

Наставничката професија претставува збир од бројни предизвици и придобивки. Оние кои ќе одлучуат да ја изберат оваа професија, предизвик треба да им биде можноста позитивно да влијаат во подучувањето и насочувањето на учениците кон правилниот пат кој води кон светла иднина. Се поставува прашањето, Зошто да се биде наставник? Следат десет причини како одговор во насока на поставеното прашање.

  1. Во наставниот процес секој ден е различен, работното место не нуди воспоставена рутина на работни активности, напротив, наставничката професија нуди разновидност и можност за развивање и манифестирање на сопствената креативност. Во текот на еден ден наставникот се сретнува со повеќе различни лица и различни карактери, со што оваа професија станува динамична, односно несекојдневна.

  1. Една од можностите за избор на оваа професија е доживотното учење. Светот оди напред, а наставникот доколку сака да биде во чекор со технолошките новитети и трендови, кои првенствено ги усвојуваат децата и младите, треба постојано да е во тек со тие новитети, да го надоградува сопственото знаење преку доживотно учење. Наставниците имаат слобода да експериментираат, да иновираат и применуваат различни форми, методи и техники на работа кои позитивно ќе влијаат во збогатувањето на знаењата на учениците.

  1. Малку професии нудат работа пред публика „на јавна сцена“, каде оценката од таа публика е многу значајна, а повратните вербални и невербални пораки на учениците ве тераат да станете сè подобар и подобар во однос на она што го работите. Работата на наставникот е транспарентна, а плодовите од таа работа се бенефит за целото општество.

  1. Покрај тоа што сте наставник вие сте или ќе бидете и родител. На тој начин ќе бидете во предност над останатите родители затоа што воспитно-образовниот процес ќе имате можност да го согледате и доживеете и од другата страна, страната на они со кои секојдневно сте во контакт, родителите.

  1. Во училиште работите околу 4-5 часа во денот, но тоа не значи дека вашата обврска како наставник тука завршува. Вие и дома имате обврска да се подготвите за успешна реализација на работните обврски кои ве чекаат утрешниот ден во училиште. Сите треба да знаат дека работата на наставникот во училиште е максимално ефективна и бара голема посветеност и концентрација. Ако го сакате тоа, наставничката професија е идеална за вас.

  1. Реално кажано наставата трае 180 работни дена, или отприлика половина година, останатите денови се викенди, празници, летен и зимски распуст (за учениците, но и наставникот за време на распустите иако добар дел од тоа време е во училиште нема толку работни обврски како кога трае наставниот процес).

7. Со модернизацијата и технолошкиот напредок на светот многу професии и работни места згаснуваат. Наставничката професија никогаш нема да згасне и да се укине, таа секогаш ќе биде барана и ќе опстојува.

  1. Како наставник имате можност да работите во работна организација каде нема голема хиерархија на надредени. Тоа подразбира дека имате само еден раководител, а тоа е директорот на училиштето. Ова е голем придобивка во однос на наставничката професија.

  1. Наставничката професија е многу одговорна, тоа треба да го знае секој кој ќе се одлучи за неа. Наставниците се креатори и создавачи на иднината, на оние кои ќе го движат и управуваат светот. Од тие причини покрај тоа што наставниците учениците стручно ги оспособуваат во училиштата, истовремено треба да ги воспитуваат, односно да ги насочат и да им посочат за хуманите вредности и општествените вредности на човековата цивилизација.

10. Иако платата како наставник нема да ви биде многу голема, оваа професија ќе ви понуди директно и индиректно да се запознаете со многу различни личности и карактери, од различни социјални слоеви, различни вери, и различна етничка припадност што ќе ве направи да бидете искусни во комуникацијата со луѓето и да сте во можност да искажете соодветна емпатија.

Ј.Б.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.