Students - Ученици

СОВЕТИ ПОВРЗАНИ СО ДОМАШНАТА РАБОТА

Целта на овој текст е да се дадат одредени совети со што домашната работа нема да претставува фрустрација и нешто на кое нема да се гледа како на потешкотија, а се со цел тој да научи редовно да ги исполнува своите работни обврски.

Умерено гледање телевизија и играње видео игри

Додека ученикот работи на својата домашна работа, истовремено не треба да гледа телевизија, а уште помалку да игра видео игри. Тоа негативно ќе влијае на неговата концентрација со што неговото целосно внимание ќе биде насочено кон она што се прикажува на телевизија и кон играњето на видео играта. Добро би било детето да има своја соба каде непречено ќе учи.

Музиката позитивно влијае

Стручњаци од универзитетот од Оксфорд докажале дека ученикот кога ја слуша својата омилена музика и истовремено работи на својата домашна задача поефикасно учи и работи. Заклучокот е дека музиката го опушта и расположува ученикот и тој поефикасно работи. Но доколку се заклучи дека учењето со музика не делува позитивно, односно делува деконцентрирачки, овој вид на учење со помош на музиката не мора да се практикува.

Временски период за изготвување на домашната работа

Добро е ученикот да има одредена временска рамка во која ќе работи на својата домашна работа. На тој начин од една страна кај него се создава навика за навремено изготвување на домашните работи, а од друга страна усогласување на својот распоред со другите дневни активности. На ваков начин ученикот не може да се оправда со изговор „подоцна ќе работам на домашната задача“. Откако ученикот ќе се врати од училиште, прво треба да се одмори, а потоа да пристапи кон реализација на домашната задача.

Контрола над ученикот

За да ученикот има сериозен пристап кон изготвувањето на домашната работа, родителите треба него да го контролираат. Ако треба да научи одредена наставна содржина, пожелно е тој истата да ја прераскаже на родителот.

Совети за брзо учење:

  • Ученикот треба да знае доколку посветено и концентрирано слуша и учествува во она што се реализира на час, дома ќе треба да посвети значително помалку труд и време за да ја научи лекцијата или да ја изготви домашната задача.
  • Кога ученикот учи, наставната содржина треба да му е поделена на помали целини, на тој начин полесно се учи. Исто така треба да се преслушува на глас, затоа што на тој начин подобро ќе го утврди наставниот материјал кој го учи и истовремено учи убаво и правилно да се изразува и побрзо да мисли.
  • Местото каде учи ученикот е многу значајно. Тој треба да учи во просторија каде никој нема да му додева и каде целиот наставен материјал поврзан со учењето ќе му биде на дофат. На ваков начин детето ќе ги има сите предуслови за успешно совладување на наставниот материјал.

Разговор со наставникот

За да биде родителот сигурен дека неговото дете навремено и сериозно работи на домашните задачи, треба да биде во постојан контакт со неговиот наставник, односно наставници. Се случува ученикот да заборави што имал за домашна работа, а родителот преку почести контакти ќе биде во тек и ќе има информација во однос на таква ситуација. Денес овој проблем е надминат на тој начин што родителите или учениците создаваат Viber групи каде комуницираат и имаат информации во однос на домашните задачи и сѐ што е поврзано со училиштето.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.