Teachers - Наставници

25 НАЧИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА БЛУМОВАТА ТАКСОНОМИЈА ВО ВАШАТА НАСТАВА

Блумовата Таксономија претставува алатка врз која во нашиот образовен систем се изготвени критериумите и стандардите за оценување на учениците. Во истата се содржани 6 нивоа (познавање, разбирање, примена, анализа, синтеза и евалуација) со глаголи преку кои се креираат прашања/барања. Во текстот што следи претставени се само 25 начини на примена на Блумовата Таксономија во наставата. Ова не значи дека примената на Блумовата Таксономија завршува тука, напротив, нејзиното користење и примена во наставата може да биде разнолико, тоа во секој случај ќе зависи од анагажираноста и креативноста на самиот наставник.

  1. Секоја цел од наставната програма разработете ја низ сите нивоата од Блумовата Таксономија.
  2. Разработените цели низ таксономијата поврзете ги со критериумите за оценување.
  3. При оценувањето на учениците користете ги разработените цели низ Блумовата Таксономија за да ги мерите постигањата на учениците.
  4. Поттикнувајте ги учениците да го постигнат следното ниво од таксономијата.
  5. Користете ја Блумовата Таксономија во индивидуалното напредување на секој ученик.
  6. Врз основа на разработените цели преку Блумовата Таксономија креирајте очекувани исходи.
  7. Прашањата/барањата за учениците креирајте ги врз основа на Блумовата таксономија.
  8. Покрај понудените глаголи во нивоата на таксономијата секогаш трудете се да изнајдете дополнителни глаголи кои ќе бидат во согласност со специфичноста на предметот кој го предавате.
  9. Врз основа на Блумовата Таксономија покрај што ќе креирате прашања, креирајте и очекувани одговори.
  10. Повремено или кога сами ќе процените, при групната работа, формирајте ги групите ученици според нивоата на Блумовата Таксономија така што ќе формирате шест групи и на секоја група ќе ѝ дадете прашања само од едно ниво од таксономијата.
  11. Исто така, формирајте групи за работа од ученици во која група ќе има ученици кои ќе можат да одговорат на различните барања согласно таксономијата.
  12. При креирањето прашања за тестови водете се според нивоата на таксономијата.
  13. Домашните задачи креирајте ги според нивоата од Блумовата Таксономија.
  14. Барањата поврзани со проектните активности кои им ги давате на учениците нека произлезат од нивоата на таксономијата.
  15. Барањата кои се однесуваат на послабите ученици креирајте ги и со примена на глаголи од повисоките нивоа на Блумовата Таксономија.
  16. Обидете се или пак практикувајте едно барање кое им го поставувате на учениците да го поминете низ сите нивоа на Блумовата Таксономија, со што ќе добиете шест барања/прашања.
  17. Блумовата Таксономија е од голема корист при диференцираниот пристап во работењето со учениците.
  18. При обуката на наставниците и при самостојниот професионален развој, пожелно е секогаш да се употребува Блумовата Таксономија.
  19. Врз основа на таксономијата, критериумите и стандардите за оценување, самостојно изгответе шема за проверка на постигнувањата на учениците.
  20. При формулрање на барања за дискусија и дебата користете ја Блумовата Таксономија.
  21. При изготвувањето на оперативните планирања, активностите и барањата треба да се изготвуваат согласно таксономијата.
  22. Претходно изотвените прашања и барања ревидирајте ги согласно Блумовата таксомија, на тој начин тие ќе бидат пофункционални и покорисни.
  23. Прашањата и барањата во воведниот, главниот и завршниот дел од часот нека се базираат врз Блумовата Таксономија.
  24. Насочете ги учениците да учат според барањата кои произлегуваат од нивоата на таксономијата.
  25. Наставниците со подолг работен стаж кои поминале обуки поврзани со Блумовата Таксономија треба да ги воведат нововработените наставници во адекватното планирање и користење на Блумовата Таксономија во секојдневниот наставен процес.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.